There are no translations available.
Општина Неготино во рамките на расположливите финансиски средства оствари донација за црквата во Неготино, а апелирам тоа да го сторат и други фирми и граѓани кои на тој начин ќе помогнат овој верски храм после 40 години да добие нов и современ лик, а самата црква да биде гордост за сите верници- истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој оствари работна посета на црквата „Свети Атанасиј„ на која од месец мај се започнати и тековно се одвиваат работи за нејзино комплетно реконструирање. Од страна на одговорните свештени лица Апостолов беше запознат дека проектот се спроведува со средства од Повардарската епархија и донации од фирми и граѓани, а благослов за неговото започнување дал митрополитот Повардарски-господин Агатангел. Во досегашниот тек од работите поставена е нова фасада на целиот објект, заменета е кровната конструкција и поставена е изолација, во внатрешниот дел извршено е малтерисување и глетовање, следува замена на комплетната столарија и поставување на парно греење. Свештените лица го запознаа градоначалникот дека во внатрешниот дел зоографи од тајвата Александарски од Велес започнаа со фрескоживопишувањето кое ќе се одвива етапно, а за време на реконструкцијата на храмот богослужбите ќе се изведуваат во манастирот Свети Ѓорѓи. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Неготино ќе биде првиот град во Република Македонија во кој ќе бидат поставени уреди за хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење која доаѓа до домовите на граѓаните, со што на најсофистициран можен начин секојдневно ќе се следат и ќе се вршат неопходните мерења. Ова е резултат на потпишаниот договор од страна на првиот човек на општина Неготино, градоначалникот Ванчо Апостолов и претставникот на една од 10-те надобро рангирани фирми во светот ИМГ од Загреб-Хрватска која ќе ја има улогата на изведувач на работите. Станува збор за еден од неколкуте проекти што се спроведуваат со цел за подобрување на водоснабдувањето на подрачјето на неготинска општина. Проектот чини над 20 милиони денари-средства кои ќе се обезбедат од општинскиот Буџет,а со неговата реализација дефектите на водоводната мрежа ќе се сведат на минимум, Комуналец ќе заштеди во делот на ангажирањето на работна сила и издвојување финансии за поправка на дефктите, а што е најважно,со хидрауличното регулирање притосокот на водата која доаѓа до домаќинствата ќе биде ист во сите зони од градот, што пак ќе придонесе до нејзино рамномерно распоредување и достапност во сите домови. Се очекува реномираната хрватска фирма работите да ги заврши до крајот на тековнава година. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во присуство на голем број гости меѓу кои градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставници на Амбасадата на САД во Македонија и тоа воениот аташе полковник Томас Батлер и шефот на канцеларијата за воена соработка Џефри Ван Скил, мајор Виолета Костадиновска – заменик-командант на логистичкиот баталјон на Армијата на РМ од Штип, вработените во установата и други гости, на пригодна свеченост во употреба беше предаден комплетно реконструираниот клон Мајски цвет при Детската градинка Фемо Кулаков во нашиот град. Станува збор за проект финансиран со средства во висина од 35.000 долари обезбедени од Амбасадата на САД во Македонија, акои беа искористени за замена на повеќе од 40 години старите со нови и современи алуминиумски врати и прозорци во овој клон. Притоа, извршена е замена на 14 врати и 250 прозорци, а работните активности ги изведоа по 9 припадници на Армијата на РМ и Армијата на САД кои за вложениот труд добија сертификати. Како што беше истакнато, со комплетната замена на вратите и прозорците, ќе се создадат далеку подобри услови од постоечките и тоа како за престој на дечињата во градинката, така и за нивните воспитувачки и негователки при редовното извршување на секојдневните обврски. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во рамките на реализацијата на традиционалната манифестација Топол културен бран 2014, за неготинската и пошироката јавност во Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ – Неготино во деновите од 27-ми до 31-ви август ќе бидат изложени капитални дела од колекцијата „Sвезди на светската книжевност“. Како што информираше директорката Катарина Данаилова, станува збор за колекција која претставува една од најзначајните цивилизациски придобивки, со што пак македонскиот духовен простор се збогатува со врвните остварувања од светската книжевна ризница. Се покануваат сите заинтересирани граѓани да ја посетат изложбата и на најдиректен начин да се запознаат со изложените дела кои се составен дел од колекцијата. |
There are no translations available.
Во рамките на втората фаза на манифестацијата “Топол културен бран 2014”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, од 25 до 29 август во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе се одржи Ревија на македонски современи филмови: 1. Ова не е американски филм, 25 август (понеделник) 2. Трето полувреме, 26 август (вторник) 3. Панкот не е мртов, 27 август (среда) 4. Балканот не е мртов, 28 август (четврток) 5. Војната заврши, 29 август (петок) Сите проекции започлнуваат во 20.00 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”. |
Read more...
|
There are no translations available.
Почитувани, Со цел да се оцени мислењето на населението на општината, за состојбите и насоките за развој на општината, консултантскиот тим од Економскиот Институт Скопје, Ви доставува краток прашалник од 10 прашања кој може да го пополните на следниот линк (врска): Неготино https://www.surveymonkey.com/s/Q6GNKLR Прашалникот е дел од процесот на истражување и претставува основа за Стратегијата за Локален економски развој (ЛЕР) за општина (Велес, Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, Градско, Лозово). Ви гарантираме дека сите информации се доверливи и дека ова Истражување има исклучиво истражувачка цел и никаква комерцијална или друга намена. Ве молиме да го пополните анкетниот прашалник најдоцна до 27 Август 2014 година. Со почит Проф Д-р Билјана Ангелова, Тим лидер за изработка на Стратегиите за ЛЕР Директор Економски институт - Скопје |
|
|
|
<< Start < Prev 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Next > End >>
|
Page 247 of 314 |