There are no translations available.
Општина Неготино продолжува со концептот-игрални за деца од предучилишна возраст во 7 рурални средни. Преку проектот,,Грижата за децата од предучилишна возраст-врвен приоритет во руралната средина,, а во рамките на проектот Општинско корисна работа, поддржан од УНДП, АВРМ ,МТСП и општина Неготино,како нова компонента во рамките на воспитно-образовната работа е организирањето на интерактивни и советодавни работилници со родителите на децата. Деновиве во периодот од 30 септември до 10 октомври се организираат 7 вакви работилници со родители во сите 7 игрални од руралните средини. Темата на втората работилница е ,,Здрава храна,, . Оваа тема е од огромна важност за правилен раст и развој на децата од оваа возраст , а истата е избрана како резултат на препораките на МТСП кои ги има дадено до градинките, за примена на ,,Програма за едукација на децата од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување на децата , со процесот на одгледување и конзумирање на здрава храна,,. За подготовка и организирање на овие работилници со родителите се користат посебни прирачници за воспитувачите и асистентите, а во координација со ЈОУДГ,,Фемо Кулаков,, од Неготино . Активностите во рамките на темата,,Здрава храна,, ќе траат околу 2 месеци , со цел на третата работилница со родители да бидат презентирани сите постигнувања , изработки и стекнати знаења и навики кај децата, околу одгледувањето и конзумирањето на здрава храна , како во игралните исто така и во рамките на нивните семејства. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
150 дечиња од клонот Мајски цвет при Детската градинка Фемо Кулаков, вработените и директорката на градинката Весна Нацева заедно со нивниот гостин- градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со работна активност го завршија 7-дневното одбележување на Неделата на детето. Сите заедно, поделени во групи, беа ангажирани на правење на гроздови од стари весници, за на крајот истите да се соберат и да се создаде еден огромен грозд како симбол на општина Неготино. Присуството на пригодната свеченоста градоначалникот Апостолов го искористи од име на општина Неготино да донира вредносен ваучер од 30.000 денари – средства кои градинката ќе ги намени за купување играчки и други материјали, со единствена цел престојот на дечињата во градинката да им биде што е можно попријатен. |
Read more...
|
There are no translations available.
Давање помош и поддршка на поединци и семејства во ситуација на присутни проблеми во бракот и семејството, помош и поддршка на брачните парови во надминувањето на проблемите, кризата во комуникацијата и други потешкотии, помош и поддршка за деца во случаи на развод на брак на нивните родители, како и советодавна работа со малолетни лица- се само дел од активностите кои ќе се реализираат во денес отвореното Советувалиште за брак и семејство кое ќе делува во рамки на Центарот за социјална работа Неготино. Советувалиштето кое е сместено во една од просториите во Желковата куќа ќе работи секоја прва сабота во месецот од 9,30 до 14,30 часот и во вторник од 10 до 18 часот. Услугите се бесплатни, а дискрецијата и непристрасноста се загарантирани. |
Read more...
|
There are no translations available.
Неготино денеска беше домаќин на учесниците во глобалната манифестација позната како „ Трка на мирот -2014г. “ – глобална штафетна трка која нема натпреварувачки карактер. Во истата учествува интернационален тим на маратонци на кои во текот на денешниот ден им се приклучија и 15 ученици од ОУ Страшо Пинџур кои подавајќи го факелот на мирот од рака на рака преку заедничко трчање го промовираа меѓународниот мир, единство, пријателство и разбирање. Претставникот на организаторот Дибаваџан Реџан на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов му го предаде факелот на мирот и во своето обраќање за заблагодари на топлиот и срдечен прием во нашиот град, додавајќи дека трката започнала од Португалија, поминала низ многу европски земји меѓу кои и Република Македонија, а трката завршува во Белград – Република Србија. Градоначалникот Апостолов во своето обраќање го искажа задоволство од пружената можност и наши сограѓани да дадат придонес во традицијата на подавање на факелот од рака на рака истакнувајќи дека импресинво звучат бројките дека присутните маратонци во текот на целата трка ќе претрчаат вкупно 24.000 километри поминувајќи низ 49 земји. По кратката културно-уметничка програма, учесниците на трката на мирот заедно со факелот го продолжија своето патешествие низ други општини во земјава. |
Read more...
|
There are no translations available.
На 2 октомври (четврток) Општина Неготино ќе биде домаќин на глобалната манифестација позната како “Peace Run 2014”. Трката за мир е глобална штафетна трка која нема натпреварувачки карактер. Составена е од интернационален тим на маратоци и има за цел да промовира меѓународен мир, единство, пријателство и разбирање. Подавајќи го факелот од рака на рака, трката поминуваниз многу држави на различни континенти и на тој начин поврзува многу градови, населби, училишта, организации и луѓе од различни националности и култури насекаде во светот. На Европскиот Континент, Трката за Мир се одржува на секои две години, посетува 49 земји и поминува 24.000 километри. Централниот настан под наслов “Порака за мир”, со кој општина Неготино ќе го дочека интернационалниот тим на траката, ќе се случи на Градскиот плоштад во Неготино на 2 октомври (четврток) со почеток во 9 часот наутро. На истиот, свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов и претставникот на меѓународниот тим на “Peace Run 2014”, а ќе биде организирана и културна програма во духот на светскиот мир, пријателство и разбирање. |
Read more...
|
There are no translations available. Локалната самоуправа Неготино во пресрет на одбележувањето на општинскиот празник 8-ми Ноември- Денот на ослободувањето на Неготино, како и секоја, така и оваа година ги информира сите заинтересирани правни и физички лица од општината дека до надлежната комисија за при општинскиот Совет можат да доставуваат предлози за доделување на награди и признанија по повод 8-ми Ноември. Подносителите на предлози можат да доставуваат кандидатури во 3 категории и тоа – предлог за највисоката општинска награда 8-ми Ноември за животно дело, за признанија по повод општинскиот празник, како и предлози за признанието почесен граѓанин на општина Неготино. Со предлозите потребно е да се достави и кратко образложение во писмена форма за предложените кандидати и институции , предлозите ќе бидат разгледани од страна на членовите на комисијата за награди и признанија при Советот на општината, додека конечната одлука за годинашниве добитници на наградата и признанијата по повод 8-ми ноември ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Предлозите во писмена форма можат да се доставуваат до архивата на општина Неготино најдоцна до понеделник 20-ти октомври, оваа година. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Next > End >>
|
Page 245 of 314 |