There are no translations available.
ЧЕТВРТОК 06.11.2014
10.00 Ставање во функција на партерно уредениот центар во село Долни Дисан
11.00 Свечено отпочнување на работите на проектот “Хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење” 12.00 КВИЗ – противпожарна заштита - Доделување на награди Место: Голема сала на Општина Неготино
12.30 Доделување на ваучери за новородени деца во Општина Неготино Место: Голема сала на Општина Неготино 13.00 Промоција на Зборник на политички затвореници, II том Место: Музеј на град Неготино
13.30 Традиционални осмоноемвриски трки - Организирање на настанот - Доделување на награди (настанот се организира во соработка со Сојуз на училишни спортови Неготино) Место: Градски плоштад Неготино
17.00 Традиционален осмоноемвриски турнир во табла - Отварање на турнирот Место: ТИЦ Желкова куќа
18.00 Ревијален спортски настан - Натпревар во мал фудбал помеѓу Општина Неготино и Општина Кавадарци Место: Сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј” 19.00 Ликовна изложба на локални ликовни уметници - Отварање на традиционална ликовна изложба на локални уметници - Литературно читање (во организација на ЛУ Библиотека “Страшо Пинџур” Место: Музеј на град Неготино
ПЕТОК 07.11.2014 09.30 Прием на членовите на делегациите кај градоначалникот на Општина Неготино
10.30 Полагање на свежо цвеќе пред бистите на борците од НОБ Место: Спомен бисти пред Собранието на Општина Неготино 11.00 Традиционална изложба на олд тајмери Место: Градски плоштад
12.00 Свечена Седница на Советот на Општина Неготино - Концерт на класична музика - Кристина Палија Место: Сала на НУЦК “Ацо Ѓорчев”
САБОТА 08.11.2014 08.00 Традиционална осмоноемвриска планинарска тура
10.00 Регионални игри “Гол Бал” во организација на Здружение на слепи лица и Општина Неготино - Oтворање на игрите Место: Сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј”
11.00 Ревијален одбојкарски турнир - женска конкуренција Место: Сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј” 13.00 Риболовен натпревар во чест на 8 Ноември - Доделување на награди Место: Манастир “Св.Ѓорѓи”
18.00 Традиционален осмоноемвриски турнир во табла - Доделување на награди Место: ТИЦ Желкова куќа |
|
There are no translations available.
По повод одбележувањето на Денот на градот – 8 Ноември, општина Неготино и оваа година традиционално по шести пат го организира ТУРНИРОТ ВО ТАБЛА “НЕГОТИНО 2014”, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември 2014 година во туристичко-информативниот центар “Желкова куќа”. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани. Учеството на турнирот е бесплатно, а наградите за најдобрите во вкупен фонд од 15.000 денари ги обезбеди општина Неготино (прва награда 8.000 денари, втора награда 5.000 денари и трета награда 2.000 денари). Пријавувањето за учество на турнирот е на телефонскиот број 075/777-919 кај лицето Зоран Недев. Исто така, своето учество на турнирот заинтересираните граѓани можат да го пријават во кафе бар “Јоко” и берберница “Коко” во Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available.
Врз основа на Законот за локална самоуправа и измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, општината Неготино донесе решение со кое се формира комисија за полагање на испит за авто-такси возач. Ова значи дека околу 100-тина таксисти кои ја обавуваат оваа дејност на подрачјето на општина Неготино ќе полагаат испит за авто-такси возач како основа за добивање на уверение од комисијата со кое ќе можат да ја вршат дејноста, со тоа што постапката комисијата ќе ја спроведува согласно Законот за превоз во патниот сообраќај. За констатираната состојба, комисијата е должна да составува записник за секое лице кое ќе полага испит и ќе води евиденција на лицата кои го положиле испитот да добијат уверение за вршење на дејноста авто-такси возач. Стручното оспособување на кандидатите и полагањето на испитот за добивање сертификат за авто-такси возач ќе го врши ДПТУ Авто школа „ Алф-рд “ од Кавадарци кое на општината и понуди најдобри услови и кое ги исполнува сите критериуми и услови за вршење обука и полагање на испит. |
There are no translations available.
Неготино по Скопје е вториот град во Македонија во кој се одржа саем за вработување на кој работодавачите и невработените можеа да се запознаат со потребите на пазарот на трудот. „ На работодавачите им кажав да бидат реални во нивните барања и да ги понудат своите слободни работни места, а на невработените им нагласив дека барањето работа не значи седење дома и гледање телевизор, туку треба да одат на вакви настани на кои се согледуваат и понудата и побарувачката на труд“ - изјави директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски. Од првиот саем кој се одржа во Скопје веќе се склучени нови договори за работа, па директорот најави дека наскоро ќе излезат и со конкретни бројки. Во одговор на новинарско прашање тој истакна дека за вработување најбарани се техничките или инженерските струки, а најмногу ги има кадрите со завршено образование од општествените науки. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакна дека благодарение на мерките на Владата на РМ и одличната соработка со неготинскиот Центар за вработување, во германската компанија Дрекслмаер се вработени и егзистенција обезбедуваат над 1.000 граѓани од општина Неготино, што пак придонесе за намалување на бројката на невработени која сега изнесува околу 1.300, за разлика од некои поранешни времиња кога во општината имаше и над 5.000 невработени лица. Апостолов додаде дека во Индустриските зони Неготино и Дуброво-Тремник се очекува изградба на производствени капацитети и фабрики во кои исто така ќе се вработат жители од Неготино, но и од соседните општини, со што ќе дојде до натамошно намалување на невработеноста во општината. |
Read more...
|
There are no translations available. Од локалната самоуправа и ЈП Комуналец ги информираат граѓаните дека утре( сабота 18.10 ) поради изведување на зафати на водоводната мрежа, одделни делови од градот ќе бидат без вода за пиење. Така, во периодот од 08 до 17 часот вода за пиење ќе немаат граѓаните кои живеат на улиците Марксова, 25 мај, Илинденска, Борис Кидрич, Кирил и Методиј, Ѓорѓи Димитров-Вешката, Вардарска, Ѓоко Мишев, Пиринска, Енгелсова, Првомајска, ЈНА, Едвард Кардељ, дел од улицата Киро Крстев, како и Градската болница во Неготино. По завршувањето на активностите на терен, се очекува околу 17 часот водата да потече низ чешмите на граѓаните кои живеат на гореспоменатите улици. |
There are no translations available.
|
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Next > End >>
|
Page 244 of 314 |