There are no translations available. Утре со почеток од 12 часот во големата сала на општина Неготино ќе се одржи презентација на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење “ – проект кој Неготино го имплементираше како прв град во Македонија и со кој се постигнаа очекуваните резултати за значително подобрување на водоснабдувањето и укинувањето на редукциите на вода за пиење. Според агендата за работа, најпрво обраќање пред присутните ќе има градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, презентацијата на проектот ќе ја изврши Горан Дуниќ-сопственик на фирмата ИМГД од Самобор-Хрватска, а за ефектите и придобивките од реализацијата на овој проект на територијата на Неготино презентација ќе има директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова. Во продолжение ќе следуваат евентуални прашања од присутните и одговори од надлежните до кои истите се поставени. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Покрај неколкуте паралелни проекти кои општина Неготино ги реализацира со единствена цел за подобрување на водоснабдувањето во градот и во дел од населените места, се прават напори и за преземање навремени активности за откривање и санирање на дефектите на водоводната мрежа на улици во градот и во селата кои предизвикуваат загуби на водата за пиење, а со тоа пак се намалуваат количините кои доаѓаат до домовите на населението. Токму затоа, стручните служби при локалната самоуправа во соработка со одговорните во ЈП Комуналец контиунирано ја следат состојбата на терен и преземаат навремени активности за санирање на состојбите. Така, според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, дефекти се регистрирани и за кратко време ќе се започне со замена на водоводната мрежа во должина од 1.200 метри на потегот од ВВ Повардарие до Дуброво каде што се забележани загуби од 13 до 15 литри вода во секунда, најголеми загуби на територијата на општината. Проектот ќе се реализира со средства од Буџетот на општина Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во спортската сала “Капетан Кирчо Димитриов“, при ОУ “Ванчо Прке“ во Виница, се одржа турнир на ракометниот клуб Торо Спорт од Виница, кој е дел од Ракометната академија на Металург. На турнирот настапија школите: Тиквеш Металург (Кавадарци), Торо Спорт (Виница), РК Вардар-Неготино (Неготино) и РК Берово (Берово), во машка конкуренција, и Астра Спорт (Македонска Каменица), РК Берово (Берово), РКЖ Вардар-Неготино (Неготино) и Торо Спорт (Виница), во женска конкуренција. На турнирот е прикажан одличен ракомет и постигнати се следните резултати: Машка конкуренција: РК Вардар-Неготино – РК Берово 11:7 Торо Спорт – Тиквеш Металург 14:17 Меч за третото место: Торо Спорт – РК Берово 15:10 Финале: РК Вардар-Неготино – Тиквеш Металург 20:14 |
Read more...
|
There are no translations available.
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на одржаниот заеднички состанок, на сите волонтери од Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ кои зедоа активно учество во спроведувањето на дел од активностите околу реализирањето на манифестацијата „Недела на виното“ од име на локалната самоуправа им додели благодарници. Апостолов истакна дека сите тие дадоа огромен придонес во делот на доставата на храна на централната свеченост по повод празникот на лозарите „Свети Трифун“ и придонесоа за успешно организирање на овој настан на здоволство и на организаторот и на многубројните посетители. Благодарници им беа врачени на околу 50 ученици од неготинското СОУ „Св. Кирил и Методиј“, а во нивна чест беше организиран и скромен коктел. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во рамките на стопанско-туристичката манифестација- „Недела на вино Св Трифун 2015“ Општина Неготино во деновите 13 и14 Февруари организира дводневна ПИЛОТ ВИНСКА ТУРА- во рамките на Проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија“ финансиран од УНИДО Учесници во оваа тура беа претставници од охридскиот туристички кластер, претставници од канцелариите на УНИДО од Македонија и Црна Гора, претставници од Вардарскиот плански регион како и локални учесници, како и други гости на општина Неготино. Во првиот ден од винската тура по сместувањето на групата од Охрид во конаците на манастирскиот комплекс,,Св Ѓорѓи,,се оствари B2B средба преку вклучување на учесници во натпреварот на вина.Дневната тура вклучи: Посета на гaлерија на вино во манастирот ,,Св. Ѓорѓи” каде беше организиран „Ден на виното Вранец“ потоа посета и љубезно гостопримство во винарската визба „ПОВАРДАРИЕ“.Следуваше посета на мултифункционален центар ,,Желкова куќа,,со обиколка на „Старата чаршија“ и градскиот плоштад на Неготино каде учесниците имаа можност за мал одмор во кафе бар „АМАРО“ Следуваше посета на винаријата „ПОПОВ“ каде беше организиран разглед на винаријата и професионална дегустација на неколку вина, а беа дегустирании локални брендови на храна и вино .Учесниците во турата ја посетија копаничарската работилница „Стари занаети“ во Неготино, а присуствуваа и на отварањето на 11та копаничарска изложба на здружението „Стари занаети“ која се одржа во Музеј на град Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available. Деновиве во работна посета на општина Неготино престојува четиричлена делегација од Алмопиа-Грција предводена од градоначалникот Димитрис Мпинос која покрај следењето на настаните од празникот на лозарите, оствари и средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која беа разменети предлози и мислења за меѓународна соработка. А една таква соработка е веќе во тек и тоа проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Поддршка и развој на економијата преку пчелно производство“. Претставниците на двете општини на остварените средби заклучија дека имаат големи можности и потенцијали за идна соработка и тоа во повеќе сфери, а разменија и корисни информации, како и предлози за натамошна соработка и партнерство меѓу Неготино и Алмопиа по основа на разни други достапни програми. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Next > End >>
|
Page 235 of 314 |