There are no translations available. Претставници од општина Неготино предводени од градоначалникот Ванчо Апостолов ќе присуствуваат и ќе земат активно учество на билатералната средба на тема „Винските патишта на Вардарскиот и регионот Алзас –Република Франција“ организирана од страна на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Станува збор за проект преку кој би се остварила соработка и размена на добри практики помеѓу македонскиот и францускиот регион во доменот на виното и на планот на винопроизводството. На средбата ќе присуствува висока делегација од Франција предводена од генералниот секретар на винските региони на Европа Доминик Жанен и претседателот на АЛМА ( Асоцијација Алзас-Македонија ) Шал Шле, а нивното присуство ќе биде искористено за остварување директен контакт со учесниците на средбата, за за размена на мислења и знаења од областа на винопроизводството, развојот на винските патишта во Европа и стандардите за пласман на вино во Франција и во ЕУ. Основна цел на проектот е создавање билатерална мрежа за соработка со отворање можности за препознатливост на македонското вино од Вардарскиот регион во регионот Алзас, но и на цела територија на Република Франција. |
Read more...
|
|
There are no translations available. Кои се надлежностите на градоначалникот, колку часови трае неговиот работен ден, како се носат одлуките во општината, колку членови брои општинскиот Совет, кој се грижи за јавната хигиена во градот, како се утврдува кои проекти ќе се спроведуваат – беа само дел од многуте прашања кои учениците од 4-то одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ заедно со наставничката Зорица Јанакиева му ги поставија на првиот човек на општината - градоначалникот Ванчо Апостолов во рамките на одржувањето на училишниот час во неговиот кабинет, кој е дел од програмата за работа на ова неготинско основно училиште и наставните содржини поврзани со општината и функционирањето на локалната самоуправа. 45-минутната конверзација на релација ученици-градоначалник помина во пријатна и релаксирана атмосфера на задоволство на двете страни, а градоначалникот Апостолов трпеливо ги сослушуваше и одговораше на прашањата поставени од учениците. На крајот, а врз основа на се она што можеше да се слушне за време одржувањето на овој импровизиран училишен час, се заклучи дека четвртооделенците од „Страшо Пинџур“ веќе ги имаат основните познавања за работата на градоначалникот и општината, а ова средба само им помогна истите уште повеќе да ги надградат. |
Read more...
|
There are no translations available.
Непознати сторители деновиве направиле сериозни оштетувања на новата и штотуку поставена водоводна мрежа во должина од 1.380 метри на потегот кај селото Дуброво каде што преку системот за хидраулично регулирање на притисокот беа регистрирани загуби од 15 литри вода во секунда, а кои по завршувањето на проектот беа вратени во водоводната мрежа и беа достапни за сите потрошувачи од општина Неготино. Вандалскиот чин овие лица го извршиле со бургии оштетувајќи го водоводот на повеќе места, па деновиве стручни лица од општина Неготино, од ЈП Комуналец и работници на фирмата изведувач на работите континуирано се на терен и вршат откривања и санирања на направените оштетувања. Случајот е пријавен во Одделението за внатрешни работи-Неготино, се трага по сторителите на овој вандалски чин и по нивното откривање , против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. |
Read more...
|
There are no translations available. Почитувани граѓани на општина Неготино, почитувани граѓани на Република Македонија! Ми претставува чест и задоволство од мое лично име и од име на локалната самоуправа Неготино на сите граѓани – православни верници да им го честитам големиот празник Велигден со искрени желби за добро здравје, среќа и успех на личен и професионален план. Ви посакувам Велигденските празници кои ги зближуваат луѓето да ги поминете во пријатна и весела атмосвера во кругот на најблиските со желби за благосостојба во Вашите семејства. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! |
There are no translations available. Постапувајќи по упатствата добиени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и решението добиено од Центарот за јавно здравје од Велес, со средства обезбедени од сопствениот буџет општина Неготино врши вонредна превентивна дератизација против туларемија на подрачјето на цела општина. Со оваа активност се опфаќаат пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението, чистење на заштитните зони околу изворните подрачја со цел за заштита од присуство на глодари, а превентивна систематска дератизација се врши и на јавно прометните површини, зеленилото и на депонијата Бучето. Исто така, опфатени се и 900 ревизиони шахти и на подземниот канализациски систем во градот и населените места и тоа на ризични места-жаришта каде што постои можност од присуство на глодари. Инаку, акцијата на терен ја спроведуваат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес со асистенција на претставници од општина Неготино и вработени во ЈП Комуналец. |
Read more...
|
There are no translations available. Во организација на општина Неготино и образовните установи, по повод 1-ви април Денот на шегата, како и секоја, така и оваа година се одржа традиционалната манифестација „Маскенбал-2015“ која беше проследен од огромен број посетители. Традиционалното дефиле започна од Градскиот стадион и се движеше по главната улица, по што неколку стотици дечиња под маски пристигнаа на градскиот плоштад каде што на бината се одвиваше централниот настан пропратен со богата културно-забавна програма со хумористични, забавни и денс точки. На годинашниот Маскенбал учество зедоа дечињата од двата клона на Детската градинка од Неготино, ученици од двете основни и подрачните училишта, како и ученици од СОУ„Св. Кирил и Методиј“. Посетителите на градскиот плоштад имаа можност да го проследат дефилето на децата со стотици маски, секоја изработена на свој начин и со сопствени карактеристики и пораки. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Next > End >>
|
Page 232 of 314 |