There are no translations available.
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска во својот работен кабинет ги прими и се задржа во разговор со нашите сограѓани-државни прваци во шах во своите категории -Мирјана Недева и Тони Лазов кои беа придружувани од нивниот ментор, велемајсторот на оваа древна игра Трајко Недев. Младите неготински шахисти го информираа градоначалникот Апостолов за освоените први места на последното Државно првенство во шах што се одржа во Струга на кое Мирјана Недева за прв пат стана првак на Македонија за шахистки на возраст до 8 години, додека Лазов во категоријата на шахисти до 16 години по 8-ми пат се закити со шампионската титула. Градоначалникот Апостолов во оваа прилика истакна дека локалната самоуправа во рамките на финансиските можности ги помагала и ќе ги помага спртските клубови и спортистите кои се натпреваруваат и достојно ја репрезентираат општината, а токму Недева и Лазов се олицотворение на успешни спортисти кои со освојувањето на првите места на Државното првенство, покрај сопствената, придонесуваат и за афирмација на општина Неготино. Велемајсторот Недев го искажа задоволство од остварените резултати на двајцата шахисти и додаде дека отворањето на шаховски школи во училиштата во Неготино веќе ги дава очекуваните резултати, така што и во иднина можеме да очекуваме пријатни вести од настапите на нашите шахисти. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Во рамките на реализацијата на годишната програма за работа на општина Неготино и врз основа на ветените проекти за спроведување пред граѓаните, започнуваме со реализација на уште еден капитален проект кој е од огромно значење на локалното население, а тоа е комплетна реконструкција и асвалтирање на патот од Неготино до Криволак или поконкретно од потегот од Пепелишкиот мост до центарот на селото. По завршувањето на изградбата на 2 регионални патни правци од Тимјаник до Дисан во должина од 4,5 километри и од Курија до Паликура од 3 километри, како локална самоуправа продолжуваме со проекти за подобрување на патната инфраструктура на подрачјето на општина Неготино. Овој проект добива уште повеќе на тежина ако се знае дека станува збор за еден од најфреквентните патни правци во нашата општина, но и еден од најоштетените, и на кој, за жал, во минатото се случија неколку сообраќајни несреќи кои одзедоа и човечки животи. Согласно проектната документација, ќе се реконструираат и асвалтираат 3 километри од патот кој од Неготино води до селото Криволак, при што постоечкиот патен правец ќе биде приширен и со ширина од 5,5 метри, на неколку места ќе бидат поставени потпорни зидови, како и еластична ограда, со што ќе дојде до елиминирање на постоечките проблематични точки на овој патен правец. Потребните финансиски средства за комплетна реконструкција на патот Неготино-Криволак во висина од 20.000.000 денари се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски со кое општина Неготино има повеќе од успешна и плодна соработка, што пак резултира со реализација на повеќе инфраструктурни проекти во неготинска општина. Очекуваме по завршувањето на работите, жителите на Криволак и сите оние кои имаат потреба да патуваат по овој патен правец кој меѓу другото води и до Армискиот полигон Криволак, да добијат модерен и современ пат кој ќе придонесе за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. |
Read more...
|
There are no translations available.
Осмото издание на оваа реномирана културна манифестација во Општина Неготино во втората, августовска фаза досега донесе два одлични културни настани кои наидоа на одличен прием кај неготинската публика. Третиот и последен настан од оваа фаза на манифестацијата, претставува уште една одлична можност за љубителите на уметноста и воопшто културата да бидат дел од комплетен уметнички перформанс во кој ќе бидат содржани неколку различни области од културата – сликарство, театар, музика и поезија. Перформансот насловен како “ART HAPPENING” ќе биде реализиран во соработка со Галеријата “Арт-М” од Неготино на градскиот плоштад во Неготино во сабота, 5 септември со почеток од 20.30 часот. И овој, како и претходинте настани од оваа манифестација е финансиран од буџетот на општина Неготино и Министерството за култура на Република Македонија. Со реализацијата на ова културно случување, во општина Неготино ќе биде затворено овогодинешното осмо издание на манифестацијата “Tопол културен бран”. |
Read more...
|
There are no translations available.
Синоќа на градскиот плоштад во Неготино заврши осмото издание на турнирот во улична кошарка “Street Ball”. За учество на турнирот кој се одржа од 1 до 3 септември, беа пријавени петнаесетина екипи од Неготино и регионот. Истите разигрува во три конкуренци и тоа сениори (над 18 години), јуниори (од 14 до 18 години) и конкуренција за играчи под 14 години. Во сениорска конкуренција беа пријавени екипи од Неготино, Кавадаци и Росоман, а во мошне силната конкуреција и по неколкуте одлични и квалететни натпревари победник на овогодинешното издание на турнирот стана екипата на Пицерија “ЕМА” од Неготино, која во извонредно возбудливото финале ја совлада екипата на “Гема Пласт” од Росоман, која мораше да се задоволи со второто место на турнирот, додека третото место и припадна на екипата на “Жито Југ” од Кавадарци која во малото финале ја совлада екипата на “Дуењас” од Неготино. Во јуниорска конкуренција победник на турнирот е екипата на “Балкански”, која во финалето ја совлада екипата на “Цевки”, а третото место го освои екипата на “Винари”. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 20.000 денари, а главен покровител на турнирот беше градоначалникот Ванчо Апостолов. Организатор на истот беше Општина Неготино, а оваа спортска манифестација беше помогната и од локалниот бизнис сектор. |
Read more...
|
There are no translations available. Вкупно на 170 млади родители кои во изминатиот период во своето семејство имале новородено дете денеска добија ваучери во вредност од 7.000 денари кои општина Неготино на предлог на градоначалникот започна да ги доделува од 30-ти август 2013 година. Статистичките податоци говорат дека од стартот на проекто до денес наталитетот во општина Неготино е зголемен за цели 19 отсто, или низ бројки во периодо 30 август 2013 до 30 август 2014 година во општината се родиле 176 деца, додека наредната година од 30 август 2014 до 30 август 2015 година се родени вкупно 210 деца. Денеска градоначалникот промовираше уште една дополнителна мерка која ќе се најде на разгледување пред општинскиот Совет со која Апостолов предлага за секое третородено дете од буџетот на општината наместо 7.000, да се доделуваат по 14.000 денари. Исто така, градоначалникот ја промовираше и мерката со која на секое лице од машки пол од неготинска општина на возраст над 40 години кое за прв пат ќе стапи во брак, општина Неготино да му додели финансиска поддршка од 30.000 денари. |
Read more...
|
There are no translations available. Утре се навршуваат 2 години од започнувањето на реализацијата на проектот за доделување на ваучери во вредност од 7.000 денари за секое семејство од општина Неготино кое има новородено дете. Очекуваните резултати се остваруваат, а статистиката говори дека од стартот на овој проект, за 2 години наталитетот во нашата општина е зголемен за 8 отсто. Па така, ако во 2013 година месечно во просек се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 бројката пораснала на 15 деца, додека во првите 8 месеци од тековнава 2015 година во општина Неготино месечно се раѓале по 18 деца. Или уште поконкретно, од почетокот на проектот за доделување ваучери од 30.08.2013 до 30.08.2014 година родени се 176 деца, а веќе наредната година во истиот едногодишен период оваа бројка е зголемена и во периодот 30.08.2014 до 30.08.2015 година родени се вкупно 209 деца. Во текот на утрешниот ден на пригодната свеченост која со почеток од 11 часот ќе се одржи во големата сала на општина Неготино градоначалникот Ванчо Апостолов ќе додели 170 ваучери на семејствата кои имаат новороденчиња. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Next > End >>
|
Page 223 of 314 |