There are no translations available. По обезбедувањето на потребните финансиски средства, а согласно ветените проекти во програмата за работа на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, на почетокот на наредниот месец-октомври ќе започнат градежните работи за комплетна реконструкција и асвалтирање на патниот правец Горни Дисан – Вешје, проект кој ќе се реализира во три фази. Во првата фаза ( неофицијално, работите се очекува да започнат на 1-ви октомври во четврток) ќе се работи на реконструкција на 800 метри од овој патен правец за што се обезбедени средства во висина од 20.000.000 денари преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој. Градоначалникот Апостолов информира дека се обезбедени и потребните средства и за останатите две фази за рекоснтрукција и асвалтирање на патот од Г.Дисан до Вешје и тоа преку проектот за меѓугранична соработка со Алмопија и проектот на ИПА преку Светска банка за поддршка на руралниот развој. |
Read more...
|
|
There are no translations available. До сите верници од муслиманска веродисповед од општина Неготино и Република Македонија честитки по повод големиот празник Курбан бајрам – ден кога верниците посветуваат соодветно внимание кон најблиските и сиромашните, испрати градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со желби за среќни и благословени празнични денови. Курбан бајрам секогаш е повод муслиманите да извршуваат добри дела, при што традиционално и во неготинска општина се оди на посета кај најблиските роднини и пријатели при што се даваат дарови и се донира за оние кои што немаат-додава Апостолов. Градоначалникот на сите верници им посакува празникот да го поминат во пријатно и весело расположение во кругот на најблиските со искрени желби за се најдобро во иднина. |
Read more...
|
There are no translations available. Во согласност со годишната Програма за работа на локалната самоуправа Неготино за спроведување на општи мерки за заштита на на населението од заразни болести и оперативниот план за дезинсекција, дезинфекција и дератизација за тековнава 2015 година, се информираат граѓаните на неготинска општина дека во четврток на 24-ти септември на нашето подрачје ќе се спроведе третата по ред адултна авионска дезинсекција. Активноста и овој пат се спроведува во соработка со ресорното Министерство за здравство на Република Македонија и Центарот за јавно здравје од Велес со напомена дека авионското третирање во среда ќе се реализира во раните утрински часови и тоа во времето од 05 до 08 часот. За таа цел, а поради престојното запрашување против комарци, се информираат граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита. |
There are no translations available. Во организација боречкиот клуб Неготино и со финансиска поддршка од општина Неготино во нашиот град започна одржувањето на меморијалниот турнир во борење во слободен стил во чест и сеќавање на Јован Димтров-член на клубот од Неготино кој трагично го загуби животот пред 24 години. Делегации на организаторот, боречките клубови, локалната самоуправа и членови на семејството на Димитров организирано положија свежо цвеќе на неговата спомен биста со порака дека Јован нема никогаш да биде заборавен и тоа како од неговите колеги-борачи, така и од граѓаните на општина Неготино. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој им се заблагодари на сите учесници кои учествуваат на турнирот, им посака прикажување на квалитетни борби и да победат најдобрите. Инаку, на четвртиот по ред традиционален турнир во борење учество зедоа 8 боречки клубови од Македонија, а борбите се одвиваат во категории за борачи до 12, 15 и 17 годишна возраст. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје во нашиот град се спроведе активноста „Ден без автомобили“. Настанот се одржи во периодот од 11,00 до 14,00 часот, а активностите се одвиваа на улицата Партизанска со тоа што просторот пред единаесеткатница до раскрсницата со улицата Цандо Кожинков беше затворена за сообраќај и резервирана за пешаци, велосипедисти и друг алтернативен транспорт. Целна група на проектот се граѓаните на нашата општина, Советот на млади, Полициска станица Неготино, јавната администрација, медиумите, здруженија на граѓани и други. Активностите започнаа од 11,00 часот со разгледување на поставената ликовна изложба изложба на тема „Избери, промени, комбинирај“, а половина час подоцна свој придонес во заштитата на животната средина и користењето на алтернативните превозни средства дадоа и нашите најмлади сограѓани-дечињата од детската градинка „Фемо Кулаков“. Од 12,00 до 14,00 часот според програмата, ученици од основните и од средното училиште од градот, претставници на здруженија на граѓани, од Советот на млади и други заинтересирани пристапија кон возење на велосипеди и други алтернативни средства за превоз со можност за избирање начин за вршење на секојдневен транспорт и со тоа дадоа сопствен придонес во зачувувањето на жизотната средина која не опкружува и подобрувањето на здравјето на граѓаните. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје во нашиот град ќе се спроведе активноста „Ден без автомобили“. Настанот ќе се одржи во петок на 18-ти септември во времето од 11,00 до 14,00 часот и ќе се одвива на улицата Партизанска со тоа што просторот пред единаесеткатница до раскрсницата со улицата Цандо Кожинков ќе биде затворена за сообраќај и ќе биде резервирана за пешаци, велосипедисти и друг алтернативен транспорт. Целна група на проектот се граѓаните на нашата општина, Советот на млади, Полициска станица Неготино, јавната администрација, медиумите, здруженија на граѓани и други. Организаторите информираат дека активностите ќе започна од 11,00 часот со разгледување на поставената ликовна изложба изложба на тема „Избери, промени, комбинирај“, а половина час подоцна свој придонес во заштитата на животната средина и користењето на алтернативните превозни средства ќе дадад и нашите најмлади сограѓани-дечињата од детскаа градинка „Фемо Кулаков“. Од 12,00 до 14,00 часот според програмата, ученици од основните и од средното училиште од градот, претставници на здруженија на граѓани, од Советот на млади и други заинтересирани ќе пристапат кон возење на велосипеди и други алтернативни средства за превоз со можност за избирање начин за вршење на секојдневен транспорт. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Next > End >>
|
Page 222 of 314 |