There are no translations available.
„Апи центарот“ се наоѓа во реконструираната и адаптирана стара училишна зграда во Вешје, инфраструктурно и содржински надградена преку проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“ со опремување на 2 простории за едукација со мебел и опрема, административен дел и партерно уредени патеки на постојниот пчелен парк. Со цел модерниот „Апи центар“ да биде функционален, општина Неготино го додели на користење на пчеларското Здружение „Неготински мед“ со што овозможуваме заедничка поддршка и помош во правец на унапредување и развој на пчеларството и туризмот, како и винскиот и апи туризам во нашата општина. Очекувањата се преку иновативен пристап кој ќе води кон одржлив туризам, да се организираат едукативни семинари, поврзување со винскиот сектор, креирање туристичка понуда и тури, како и преку промотивни настани да биде раскажана приказната за Неготино и регионот која ќе биде доволно привлечна за пораст на бројот на туристите и задржување на посетителите на подолго време на оваа дестинација. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
НЕДЕЛА НА ВИНОТО 2022 Натпревар во најдобро вино и ракии Добитници Бели вина Црвени вина Ракии |
There are no translations available. Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува шестатта редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.02.2022 година (вторник) во 14.00 часот. За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 5 редовна седница на Совет на општина Неготино 2. Предлог - Акционен план за реализација на активности од енергетската ефикасност за 2022 година 3. Предлог - Правилник за утврдување на критериумите за стимулација на инвестиции во општина Неготино 4. Предлог - Одлука за изменување и дополнување на на Одлука за утврдување на висината на стапките на даноците на имот во општина Неготино 5. Предлог - Одлука за изменување и дополнување на на Одлука за висината на комуналните такси во општина Неготино 6. Предлог – Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка 7. Предлог - Oдлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и оддржување на јавно осветлување на иматели на електрични броила во населеното место Брусник 8. Предлог - Oдлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и оддржување на јавно осветлување на иматели на електрични броила во м.в. Малотемов Лак , КО Неготино 9. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација 10. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
|
There are no translations available.
Оваа година стручната комисија составена од професионални енолози има „полни раце работа“ во делот на дегустацијата на вина и ракии во рамките на натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители од реколтата 2021 година. Имено, како што информираат организаторите, годинава во рамките на манифестацијата „Недела на виното-Св.Трифун 2022“ за дегустација се доставени досега рекордни 144 мостри на вина и ракии од кои 57 во категоријата црвени вина, 48 бели вина и 39 мостри во категоријата ракии. Сите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани, а за најдобрите општина Неготино има обезбедено пригодни награди кои на најуспешните производители како градоначалник ќе им ги врачам во понеделник на 14-ти февруари на самиот празник Свети Трифун кога е и централната прослава во Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available. Врз основа на член 158 од Законот за правда за децата („ Службен весник на Република Македонија“ број 148/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 152/19 и 275/19), Градоначалникот на Општина Неготино објавува
Ј А В Е Н П О В И К за формирање на Совет за превенција на детско престапништво
Се повикуваат Министерството за внатрешни работи – ОВР Неготино, Министерството за труд и социјална политика – МЦСР Неготино, советот на родители на основните училшта „ Гоце Делчев “ и „ Страшо Пинџур “ Неготино и советот на СОУ „ СВ. Кирил и Методиј “ Неготино , Унијата на средношколци, Адвокатската заедница на Општина Неготино, здруженијата и фондациите на територијата на општина Неготино кои работат на проблематика со детско престапништво, ОЈО Кавадарци , Основен суд – Неготино , да номинираат лице за член во Советот за превенција на детско престапништво.
Номинацијата на лицето со кратка биографија да биде доставена во рок од 8 дена од денот на објавувањето на јавниот повик ( 10.02.2022 година ) на официјалниот емаил на општината
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
, преку архивата на општина Неготино или по пошта на адреса улица „ Ацо Аџи Илов “ бр.2 Неготино.
|
There are no translations available.
Економски развиена општина Неготино со нови стопански и индустриски капацитети во кои ќе се отвораат нови работни места - е основната цел на проектот „Стимулација за инвеститори“ предложен од моја страна како градоначалник на општина Неготино за што е изготвен и посебен Правилник за утврдување на криетериумите за стимулација за инвестиции во неготинска општина. По Правилникот беше организирана и се одржа јавна расправа на која учество зедоа изготвувачите на истиот, советници во Советот, стопанственици и заинтересирани граѓани кои имаа можност директно преку презентација на критериумите да се запознаат со содржините на Правилникот, за кои во наредните 3 денови можат да се достават забелешки. Целта е врз основа на утврдување поволности за новоотворени стопански и индустриски капацитети да се поттикнат нови инвестиции. Поволностите се утврдуваат во делот на локалните такси и даноци и во делот на надоместокот за уредување на градежното земјиште. Критериумите и поволностите се во согласност со законските прописи од соодветната област. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>
|
Page 23 of 314 |