There are no translations available. Поволните временски услови и посветениот однос кон работните задачи од страна на изведувачот на работите придонесуваат активностите од проектот за комплетна реконструкција на улици во Неготино во должина од 8 километри да се одвиваат со извонредно темпо и однапред утврдената динамика. Работници на изведувачот моментално изведуваат градежни работи на 4 улици во Неготино и тоа Никола Петров, Душан Јуруков, Ило Виларов и 29 Ноември каде што по замената на водоводната линија се врши поставување на водоводни шахти, додека предходно комплетно беа завршени работите на улицата Енгелсова на која старата и дотраена водоводна мрежа е заменета со нова водоводна линија, а поставени се и водоводни шахти и приклучоци до домовите на граѓаните. Станува збор за улица на која беа детектирани најголеми загуби на водата која доаѓа од Лукар, па како што појаснуваат стручните служби, мошне скоро на располагање ќе имаат компетентни податоци за подобрувањето на квалитетот на водоснабдувањето на оваа улица, како и на останатите улици на кои се работи за подобрување на водоснабдувањето во Неготино. |
Read more...
|
|
There are no translations available. И оваа година традиционалната стопанско-туристичка манифестација „Свети Трифун-Недела на виното 2016“ ќе се одржи во деновите 12, 13 и 14 февруари, со тоа што централниот настан ќе се одржи во недела на 14 февруари на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 11 часот. И оваа година се плинира манифестацијата да изобилува со голем број на настани и содржини со кои локалната самоуправа се надева дека ќе се придонесе истата да биде посетена и проследена од бројни гости од општината и регионот, туристи и посетители кои ќе можат да уживаат во гостопримството на Неготино и неготинци. Со цел за утврдување на финалниот концепт на манифестацијата, во среда на 27 јануари со почеток од 12,00 часот во големата сала на општина Неготино ќе се одржи координативен состанок со сите заинтересирани кои сакаат да дадат сопствен придонес во организацијата на настанот. Инаку, општина Неготино веќе ги започна неопходните подготовки околу организацијата на овој настан кој е од голема важност за нашата општина и придонесува за поголема промоција на регионот и севкупниот локален развој. |
There are no translations available.
По завршувањето на градежните работи за замена на водоводната мрежа на 4 улици во Неготино и тоа Енгелсова во должина од 200 метри, Ило Виларов – 500, Душан Јуруков – 185 и Никола Петров во должина од 200 метри, работници на фирмата изведувач на работите продолжуваат со замената на повеќе од 70 години старата и дотраена водоводна мрежа која беше и основниот причинител за создавање на огромни загуби на водата за пиење во мрежата, која на одделни локации достигнуваше и до 70 проценти од количините кои доаѓаат од регионалниот водовод Лукар. Така, по замената на водоводот на споменатите 4 улици, од денеска се започнува со поставување на нова водоводна мрежа на уште 2 улици во Неготино и тоа Ленинова и 29 Ноември. Радува фактот што временските услови му одат во прилог на изведувачот на работите кои засега се одвиваат според однапред утврдената динамика, а градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов врз основа на досега сработеното е оптимист дека комплетните работи за замена на водоводната мрежа на улици во градот во должина од 8 километри ќе заврши и пред предвидениот рок за тоа од 9 месеци. |
Read more...
|
There are no translations available.
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го потпиша договорот со Светската банка за обезбедување грант во висина од 260.000 евра склучен помеѓу Министерството за финансии на РМ и општина Неготино како корисник на средствата. Имено, станува збор за средства кои ќе бидат наменети за изградба на делница од патот Горни Дисан-Вешје во должина од 638 метри која е во најлоша состојба и не ги овозможува ниту минималните стандарди за нормални и безбедно одвивање на сообраќајот, а токму ваквата состојба на овој патен правец ја наметна и потребата од негова итна изградба и асфалтирање. Инаку, веќе извесен период на патот од Горни Дисан до Вешје се одвиваат градежни активности на делница во должина од 800 метри и истата е во фаза на изградба преку ИПАРД, односно Програмата за рурален развој. Една фаза од работите на овој патен правец во должина од 400 метри е предмет на реализација со проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција „Поддршка и развој на економија на пчелни семејства во прекугранична област“. На овој начин, преку трите фази на реализација ќе се добие една функционална целина и изградба и асфалтирање на патот Г.Дисан-Вешје, новоизградениот пат ќе овозможи подобро сообраќајно поврзување на населените места во овој дел на општината и подобрување на комуникацијата во регионот, а директни придобивки ќе имаат и голем број семејства од неготинска и соседните општини кои го користат патот за експлоатација на сопствените земјоделски површини. |
Read more...
|
There are no translations available. По обезбедувањето на потребните финансиски средства за реализацијата на проектот „Реконструкција на водоснабдителниот систем во Неготино“ и потпишувањето на договорот со најповолната фирма-изведувач на работите, веќе извесен период на терен се одвиваат работите за замена на повеќе од 70 години старата и дотраена со нова водоводна мрежа со единствена цел за елиминирање на постоечките загуби на водата за пиење. Станува збор за проект вреден 38.000.000 денари – средатва со кои ќе се замени водоводната мрежа на улици во Неготино во должина од 8 километри. Поволните временски услови на изведувачот му овозможија непречено извршување на работите на терен, па како резултат на тоа досега е поставена нова водоводна мрежа на 4 улици во Неготино и тоа на Ило Виларов во должина од 500 метри, на Енгелсова од 200 метри, на Душан Јуруков од 185 метри и на улицата Никола Петров во должина од 260 метри. Инаку, иако рокот за изведување на комплетните работи е 9 месеци, според сегашната динамика со која се одвиваат истите и доколку временските услови и понатаму му одат во прилог на изведувачот, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов очекува потсваувањето на новата водоводна мрежа да заврши и пред предвидениот рок за тоа. |
Read more...
|
There are no translations available. Градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на винарии, објекти за индивидуално домување, фотоволтаични централи и парцела за изградба на капацитет од Г2-лесна и незагадувачка индустрија објави на продажба локалната самоуправа Неготино-парцели кои се лоцирани на територијата на неготинска општина. Имено, во реонот на село Курија на продажба се понудени 4 градежни парцели со површина од 1.490 до 3.490 метри квадратни и почетна цена од 61 денар за квадрат за изградба на винарии, 4 градежни парцели за изградба на објекти за индивидуално домување со површина од 374 до 509 метри квадратни и почетна цена од 373 денари за квадрат, како и 4 градежни парцели за комунална супраструктура-изградба на сончеви фотоволтаични централи со површина од 1.971 до 2.391 метар квадратен и почетна цена од 150 денари за квадрат. Исто така, општина Неготино бјави продажба и на една градежна парцела со површина од 1.698 метри квадратни и почетна цена од 61 денар за квадрат во Индустриската зона Урбан блок 1 во Неготино со намена за изградба на капацитет од Г2 –лесна и незагадувачка индустрија. Сите заинтересирани правни и физички лица за јавното наддавање се информираат дека пријавите за парцелите за индивидуално домување можат да се достават до 04-ти февруари, а за парцелите за винарии, фотоволтаични централи и капацитет од лесна и незагадувачка индустрија до 15-ти февруари. Јавното наддавање по електронски пат за парцелите за индивидуално домување ќе започне на 08-ми февруари во 10 часот, додека за парцелите за винарии, фотоволтаични централи и капацитет од лесна и незагадувачка индустрија ќе се одржи на 18-ти февруари со почеток од 09, 10,00 и 11,00 часот. Објава 1/2016 |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Next > End >>
|
Page 214 of 314 |