There are no translations available. Деценискиот проблем што месното население од Пепелиште го има со водоснабдувањето ќе биде решен со изградбата на нов резервоар за вода со зафатнина од 200 м3 и потисен цевковод. На пригодна свеченост стартот на работите го означија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова и жители на селото посакувајќи што поскоро завршување на работите кои е предвидено да траат 6 месеци, со што ќе се оствари целта сите жители на Пепелиште, без разлика на местото на живеење, континуирано да имаат вода за пиење. Министерот Мисајловски истакнувајќи ја одличната соработка со градоначалникот Апостолов рече дека она што е ветено се реализира на задоволство на месното население, додека Апостолов информираше дека проектот за изградба на резервоарот чини 6.500.000 денари обезбедени од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски. Посетата на Неготино министерот Мисјаловски ја искористи на лице место да се запознае со текот на работите за реконструкција на водоводната мрежа во градот во должина од 8 километри. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Театарските комедии “Женидба” и “Чорбаџи Теодос” оваа година ќе бидат одиграни во чест на прославата на Денот на театарот 27 март, кој како и насекаде во светот ќе биде одбележан и во нашиот град. Урнебесната комедија “Женидба” работена на текст на Н.В. Гогољ во режија на Драган Велјановски во иведба на кавадаречкиот театар “Иван Мазов Климе” ќе биде одиграна на 23 март (среда) во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино со почеток од 20 часот. Претставата ја игра театарска група од 15-тина актери, а истата доживеа повеќе изведби ширум државата. Втората театарска претстава со која ќе биде одбележан Денот на театарот е комедијата “Чорбаџи Теодос” во изведба на театарот од Демир Капија, а на неготинската сцена во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе се најде на 24 март (четврток) со почеток од 19.30 ч. Култниот текст за претставата е на македонскиот драматург Васил Иљоски, а режијата на Димче Бањански. Претставата ја игра 12-члената театарска група од овој театар. Двете театарски претстави се комплетно финансиски поддржани од Општина Неготино, а ќе бидат реализирани во соработка со Центарот за култура во Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available. Веќе извесен период на терен работниците на фирмата-изведувач „Алдинг-инжинеринг“ реализираат градежни работи за замена на старата и дотраена со нова водоводна мрежа. Станува збор за проект кој се спроведува со дел од средствата во висина од 38.000.000 денари обезбедени од Светска банка и со кои покрај реконструкцијата на водоснабдителниот систем, се гради и нов резервоар за вода со зафатнина од 500 м3 во Тимјаник во близина на постоечкиот за потребите на потрошувачите кои живеат во високите зони. Работите засега се одвиваат според предвиденото, па така завршена е реконструкцијата на 6 улици во Неготино и тоа Енгелсова, Ило Виларов, Душан Јуруков, 29 Ноември, Никола Петров и Ленинова, додека за рекоснтрукција останува водоводната мрежа на улиците Киро Крстев, Ставре Ставрев, Ацо Аџи Илов и 12 Ваташки другари. Се очекува работите да завршат во предвидениот рок за тоа до крајот на јуни, со што се верува, заедно со спроведувањето на останатите паралелни проекти за подобрување на водоснабдувањето, дека во престојниот летен период жителите на Неготино ќе имаат 24 часовно континуирано водоснабдување. |
Read more...
|
There are no translations available. Паралелно со изградбата на новиот резервоар со зафатнина од 200 м3 наменет за задоволување на потребите од вода за пиење на жителите на Пепелиште, градежни работи се одвиваат и на новиот резервоар во Тимјаник со зафатнина од 500 м3. Станува збор за проект кој општина Неготино го реализира заедно со реконструкцијата на водоснабдителниот систем на улици во Неготино во должина од 8 километри со средства од 38.000.000 денари обезбедени преку Светска банка, а количините вода од резервоарот во Тимјаник ќе бидат наменети за жителите кои живеат во високите зони во Неготино. Изведувач на работите е фирмата АЛДИНГ-инжинеринг, а рокот за завршување на истите е 9 месеци-период во кој треба да заврши и реконструкцијата на водоводот во Неготино. Во делот на работите на резервоарот во Тимјаник, досега е извршен ископ на просторот каде истиот ќе биде лоциран и е извршено тампонирање на просторот кој зафаќа површина од околу 200 метри квадратни. |
Read more...
|
There are no translations available. Зоран Крстановски-директорот на Управата за имотно-правни работи на РМ денеска престојуваше во работна посета на општина Неготино во рамките на настанот „Отворен ден со граѓаните“ при што оствари работна средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која се разговараше за актуелни прашања од делокругот на работата на Крстановски и Апостолов. Како што изјави Крстановски, во текот на периодот од 11 до 15 часот сите граѓани на општината денеска имаа можност да се сретнат со него и со локалните претставници на одделението во Неготино на кои се разговара за предмети од имотно-правен карактер, односно станува збор за одржување на контирнуирани средби со населението на кои се слушаат нивните мислења, предлози и идеи и заеднички се работи на разрешување на евентуалните проблеми. Градоначалникот Апостолов информираше дека во текот на денот во попладневните часови заедно со директорот Крстановски ќе остварат работни посети на селата Војшанци, Тремник и Д.Дисан и ќе се сретнат со граѓаните на овие населени места. |
Read more...
|
There are no translations available. Деценискиот проблем што месното население од Пепелиште го има со водоснабдувањето ќе биде решен со изградбата на нов резервоар за вода со зафатнина од 200 м3 и потисен цевковод. На пригодна свеченост стартот на работите го означија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова и жители на селото посакувајќи што поскоро завршување на работите кои е предвидено да траат 6 месеци, со што ќе се оствари целта сите жители на Пепелиште, без разлика на местото на живеење, континуирано да имаат вода за пиење. Министерот Мисајловски истакнувајќи ја одличната соработка со градоначалникот Апостолов рече дека она што е ветено се реализира на задоволство на месното население, додека Апостолов информираше дека проектот за изградба на резервоарот чини 6.500.000 денари обезбедени од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски. Посетата на Неготино министерот Мисјаловски ја искористи на лице место да се запознае со текот на работите за реконструкција на водоводната мрежа во градот во должина од 8 километри. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Next > End >>
|
Page 211 of 314 |