Општина Неготино
Отворено градското првенство шах „Неготино-2016“ PDF Print
There are no translations available.

Турнирот на кој оваа година учество ќе земат 21 познавачи на оваа „древна игра“ за отворен го прогласи покровителот-градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите учесници им посака успешен настап и да победи најдобриот, додавајќи дека полека, но сигурно, со успесите што ги постигнуваат младите неготински шахисти, Неготино станува и шаховски град. И годинава турнирот се одржува во просториите на ТИЦ Желкова куќа во Неготино и ќе трае до понеделник, а велемајсторот Трајко Недев ги одреди натпреварувачките парови кои започнаа со мечевите на шаховската табла. Според Недев, во рамките на турнирот ќе се одиграат 7 кола по Швајцарски систем и тоа секој ден по две кола со времетраење на мечот од 25 минути плус 10 секунди за секој потег. Организаторите на турнирот обезбедија награден фонд од 17.000 денари кои ќе им бидат поделени на најдобрите учесници на градското првенство во шах.

Read more...
 
Неготинските матуранти танцуваа на градскиот плоштад PDF Print
There are no translations available.

   „Со самиот чин на матурирање вие стануваат возрасни луѓе свесни за својата одговорност и од денеска тргнувате по нови животни патеки со што завршува една значајна фаза од вашиот живот на која секогаш ќе се сеќавате. Вечерва заедно со вашите професори че го прославите завршувањето на една значајна фаза од вашиот живот на која секогаш ќе се сеќавате, а средношколските денови и матурата ќе ги паметите секогаш“- истакна во своето пригодно обраќање градоначалникот на општина неготино Ванчо Апостолов кој на сите неготински матуранти им го честиташе матурирањето. Честитки до матурантите упати и директорката на училиштето Оливера Николова-Ташева, по што матураните го одиграа неколку танцови  „квадрил“ поздравени од присутните кои ја следеа манифестацијата која и оваа година ја организираа општина Неготино и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од нашиот град.

Read more...
 
Се асфалтира патот Г.Дисан-Вешје PDF Print
There are no translations available.

   Од денеска започнаа градежните работи за асфалтирање на патниот правец Горни Дисан-Вешје и со тоа се исполнува уште едно од ветувањата на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов за комплетно уредување на овој патен правец кој е од огромно значење за населението од регионот на Дисанијата, како и за останатите граѓани од цела општина кои овде имаат сопствени земјоделски површини. Патот кој до скоро беше речисии непрооден сега е проширен во целата негова должина, а во првата фаза од работите ќе се асфалтираат 800 метри должни од патот Г.Дисан-Вешје со ширина од 5,5 метри за што се обезбедени средства во висина од 20.000.000 денари. Доколку временските услови бидат поволни, се очекува оваа делница со два слоја асфалт комплетно да биде асфалтирана до крајот на наредната недела, по што се продолжува со асфалтирање и на останатите делници од овој патен правец.

Read more...
 
Градоначалникот Апостолов со честитка до неготинските матуранти PDF Print
There are no translations available.

   Драги матуранти ! „Ми претставува огромна чест и задоволство на сите матуранти од општина Неготино да им го честитам матурирањето и влегувањето во светот на возрасните. Вие, почитувани матуранти, кои сте млади луѓе полни со позитивна енергија располагате со се што е потребно да зачекорите кон нови почетоци и предизвици кои ве очекуваат во наредниот период. Убеден сум и се надеваме дека најголемиот дел од Вас ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе ја подобрите надградбата на Вашите знаења кои несомнено ќе Ви бидат од голема корист при реализирањето на Вашите идни работни и животни кариери. Вечерва, заедно со раководниот тим на Вашето училиште и Вашите професори ќе го прославите завршувањето на една значајна развојна фаза од Вашиот живот на која секогаш ќе се сеќавате, и како и ние возрасните, така и Вие средношколските денови и матурирањето ќе ги паметите целиот живот. На сите матуранти од неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Ви го честитам матурирањето, Ви посакувам многу здравје и среќа во живото, како и успех на личен и професионален план“- се вели во честитката од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов до неготинските матуранти.

Read more...
 
Општина Неготино обезбеди средства за инфраструктурно уредување на УЗ 8 PDF Print
There are no translations available.

  Асфалтирање и тампонирање на 3 улици во овој дел од градот, поставување на фекална и атмосферска канализација и осветлување на целиот простор-се дел од активностите со кои „Индустриската зона УЗ 8“ во Неготино каде што функционираат повеќе стопанско-индустриски капацитети ќе биде целосно инфраструктурно уредена – информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Средствата, додава Апостолов, се добиени со посредство на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а преку Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Станува збор за инфраструктурно уредување на Урбаната заедница 8 која е лоцирана од десната страна на излезот од Неготино кон Кавадарци-проект вреден 5.684.380 денари од кои општина Неготино учествува со 219.225 денари. Се очекува времетраењето на реализацијата на овој проект да биде 4 месеци.

Read more...
 
Реализиран проектот за асфалтирање на 3 улици во Тимјаник PDF Print
There are no translations available.

   Работници на Градежното претпријатие „Градба промет“ денеска ги иведоа завршните градежни работи за асфалтирање на 3 улици во Тимјаник, со што дојде до заокружување и компелтно реализирање на проектот за асфалтирање на предвидените улици.  Имено, во текот на денешниот ден беше асфалтирана и последната, трета по ред, улица во Тимјаник, а во предходниот период се изврши асфалтирање на 2 од кои едната која важи за најфреквентна и која води до селските гробишта и блиските земјоделски површини, како и уште една улица во селото. За спроведување на овие активности општина Неготино обезбеди средства во висина од 10.000.000 денари. Деновиве, градежните работи ќе се преселат и ќе бидат активни и на дел од патниот правец Горни Дисан-Вешје каде што се очекува да започнат асфалтерските работи на една делница од овој патен правец, а наскоро ќе се асфалтира и патот од Калањево до излетничкото место Бела вода.

Read more...
 
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>

Page 207 of 314