There are no translations available. Покрај земјените тениски терени лоцирани во комплексот на Спортско рекреативниот центар „Младост“, нашиот град ќе добие и тениски терени со тврда подлога. Имено, деновиве градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески потпишаа договор за изградбата на двоен тениски терен во Неготино. Со овој договор Агенцијата за млади и спорт врз основа на склучениот договор со изведувачот на градежните работи се задолжува да инвестира во изградбата на еден двоен тениски терен во општина Неготино на улица „Ленинова“ во населбата Саат-кула, а со истиот договор е утврден и начинот и условите за изградбата на двојниот тениски терен и неговото стопанисување, користење и тековно инвестициско одржување. Двојниот тениски терен ќе се гради веднаш над мултифункционалното игралиште во населбата Саат-кула и во непосредна близина на реконструираниот забавен парк, со што граѓаните на Неготино од повеќе генерации ќе добијат уште еден спортско-забавен комплекс каде што ќе можат во релаксирана атмосфера да минуваат дел од слободното време. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино бр.05-261/1 од 15.08.2016 за утврдување на потреба од НАБАВКА( SUPPLY) - Набавка на заштитна облека за 25 нови пчелари со отпечатено лого на проектот за работа со пчели за едукативни потреби и обезбедување на заштитна облека за едукативни цели, за проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за,, Набавка на заштитна облека за 25 нови пчелари со отпечатено лого на проектот за работа со пчели за едукативни потреби и обезбедување на заштитна облека за едукативни цели за проектот,со спецификација во тендерскaта документација. Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 16.08.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде веднаш пратена електронски или по пошта поставена на ЦД. |
Read more...
|
There are no translations available.
Општина Неготино објавува НОВ ПОВИК ЗА ЦИКЛУС ОБУКИ –ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ за сите кои се заинтерсирани да учествуваат во обуки за пчелaрство ( училиште за пчелари) што ќе се имплементира во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област “Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата Грција-Македонија
Обуките ќе се спроведуваат во соработка со О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје и ќе опфатат: ЦИКЛУСОТ ОБУКИ –ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ е наменет за 25 учесници од постојните пчелари во општина Неготино .Обуките за постојните пчелари ќе опфатат постапки за максимизирање на производството на мед, производство на други методи и користење на другите пчелни продукти за зголемување на вредноста на медот. Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците август -септември 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.
ЗА ЦИКЛУСОТ ОБУКИ –ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ при оценувањето првенствено ќе бидат земени во предвид сите оние кои се пријавиле во повикот кој траеше од 11.07.-03.08.2016.Сите ПОСТОЈНИ РЕГИСТРИРАНИ ПЧЕЛАРИ кои дополнително се заинтересирани се добредојдени во текот на пријавувањето со новиот повик од 12.08.2016 - 22.08.2016 .Доколку не се пополни потребниот број ( 25) со ПОСТОЈНИ-РЕГИСТРИРАНИ пчелари ќе бидат земени во предвид и други пријавени заинтересирани кандидати кои имаат базични познавања од пчеларство и кои се занимаваат со пчеларство но сеуште не се регистрирале, при што времето на нивното аплицирање ќе биде земено исто така во предвид.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ Пополнување :Анекс 1а-Апликација за обука на постојни пчелари. 1.Во прилог на апликацијата за обуките за постојни пчелари се доставува доказ од ПЕ на МЗШВ Неготино ( Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС )дека апликантот е регистриран пчелар во Неготино или ДРД образец доколку апликантот доаѓа од правно лице кое е производител на пчелни производи 2.Ако апликантот не е регистриран пчелар но се бави со пчеларство како дополнителна дејност треба да достави доказ од имотен лист или договор за закуп и фотографија од местото на локацијата на пчелните семејства со кои располага во моментот на пријавувањето. Апликација за обука на постојни пчелари |
Read more...
|
There are no translations available. Со одржувањето на првиот информативен состанок, во Неготино започна обуката за 25 млади пчелари која е дел од проект „ Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ кој преку ИПА програмата заеднички го спроведуваат општините Неготино и Алмопија. Самата програма има за цел да го развие пчеларството и пчелните производи во поширокото локално подрачје во двете општини, бидејќи пчеларството е сектор кој дава бројни можности за бизнис. На почетокот беше извршена презентација на проектот за присутните, а свое обраќање имаа и стручните лица кои ќе ја реализираат обуката од ОЗ ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје кои на идните пчелари им ги појаснија текот и содржината на обуките, предлог-распоредот за одржување на истите, местото на одржување, а сето тоа содржано во 70 часови обука. Инаку, општина Неготино информира дека рокот за пријавување на 25 напредни пчелари кои веќе се занимаваат со пчелно производство е продолжен до 22-ри овој месец до кога сите заинтересирани ќе можат да се пријават во Одделението за локален економски развој. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на сите учесници им посака успешно завршување на обуката и искористување на можноста за започнување на сопствен бизнис преку одгледување на пчели и пчелно производство и обезбедување лична или семејна егзистенција, што впрочем е и основната цел на овој проект. |
Read more...
|
There are no translations available.
Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-258/1 од 11.08.2016 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот
О Г Л А С За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди
1. Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на туристичко вовче и реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.900 м.кв. за период од 01.09.2016 до 24.09.2016 година. 2. Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 12.500,оо денари од ден за вкупната површина и туристичкото вовче.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари. 3. Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00. Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 17.08.2016 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино. 4. На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари. Општина Неготино Комисија за јавно наддавање
|
There are no translations available. Општина Неготино секој работен ден има организирано автобус кој ќе поаѓа во 08,00 часот од центарот на градот од пред единаесеткатницата и со кој ќе се превезуваат сите граѓани кои ќе пројават интерес да помогнат во расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме кое зафати делови од градот Скопје. Токму затоа, се информираат граѓаните дека нема потреба да носат алат со себе, бидејќи истиот ќе им биде обезбеден по пристигнувањето во кризните подрачја, туку само треба да бидат соодветно облечени во работнички алишта. Организаторите истакнуваат дека секоја помош е добредојдена и упатуваат јавен апел до сите граѓани од општина Неготино кои можат, да се вклучат и да дадат сопствен придонес во расчистувањето на поплавените подрачја. |
|
|
|
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>
|
Page 201 of 314 |