There are no translations available. Преку аплицирање со повеќе проекти преку ИПА програмата на Европската унија, а во соработка со општините Алмопија и Пела, општина Неготино успеа да обезбеди средства во висина од 1.000.000 евра од кои 15 отсто се учество на локалната самоуправа и кои ќе бидат искористени за повеќе намени. Градоначалникот Апостолов информира дека согласно проектите, средствата ќе бидат наменети за повеќе цели и тоа: - Изградба на главен колектор за отпадни води за приклучување на селото Тимјаник во системот за отпадни води на Неготино - Изработка на комплетна техничка документација за изградба на пречистителна станица - За потребите на ЈП Комуналец ќе се набави опрема за оддржување на канализационите системи, т.е. возило „канал џет“ за отпушување на јами и канализации - За поефикасно работење на локалното комунално претпријатие ќе набавиме ултразвучни мерачи за проток на вода, односно геофони за детектирање на загубите на вода во водоснабдителниот систем на општина Неготино - Ќе извршиме замена на целото улично осветлување во општина Неготино преку активности за енергетска ефикасност - Ќе се заменат 1.410 постоечки живини и натриумови светилки со нови лед штедливи светилки, како и дислокација на мерни броила и автоматика во стандардизирани ормани надвор од трафостаницата на ЕВН-вкупно 42 броја - Интервенции во општинската зграда за подобрување на енергетската ефикасност - Интервенции во зградата на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ за подбрување на енергетската ефикасност преку инсталација на санитарна топла вода во спортската сала и лабораторијата по хемија, поставување на 5 панелни сончеви колектори, 3 цевоводи со автоматика, поставување на 5 бојлери-резервоари, замена на 95 прозорци во гимназијата со разни димензии и друго. |