There are no translations available. По одличниот успех што го постигнаа на неодамна одржаниот масовен фудбалски турнир на Златибор каде што во силна конкуренција го освоија првото место, денеска фудбалерите на ГФК„Неготино“ заедно со дел од родителите и нивните тренери беа на прием кај градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со кого се задржаа во кратко другарување запознавајќи го притоа со одличниот успех што го постигнаа на турнирот. Градоначалникот Апостолов им го честиташе овој нивен одличен резултат и им посака уште многу вакви постигнувања и во иднина, бидејќи токму тие се иднината на неготинскиот фудбал. Апостолов додаде дека има одлични релации со сите спортски клубови и спортисти од општина Неготино и тие ја уживаат секогаш неговата поддршка во рамките на можностите, а градоначалникот најави дека со таа пракса ќе продолжи и понатаму. |
Read more...
|
|
There are no translations available. Градежната фирма “Изградба“ од Струмица која понуди најповолни услови за изведување на работите на распишаниот тендер, ќе го врши асфалтирањето на новите 640 метри од патот од Горни Дисан до Вешје. За таа цел, денеска на пригодна свеченост градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претставникот на фирмата „Изградба“ го потпишаа договорот за изведување на работите според кој фирмата изведувач со градежните активности на терен ќе започне за 10-тина денови и ќе асфалтира нови 640 метри од патот со негова ширина од 5,5 метри според стандардите за изградба на регионален патен правец. Градоначалникот Апостолов информираше дека овој проект ќе се реализира со средства во висина од 260.000 евра и според потпишаниот договор фирмата-изведувач треба работите да ги заврши во рок од 3 месеци, по што за асфалтирање ќе останата уште 250 метри кои се обврска на општина Неготино. Со тоа, после повеќе децении, жителите на Дисанијата, но и останатите граѓани кои на овој потег имаат и обработуваат земјоделски површини на располагање ќе добијат проширен, модерен и асфалтиран пат со кој ќе им се олесни пристапот до површините, обработката на истите и изнесувањето на родот, а наедно и ќе се создадат услови за развој на туризмот во Дисанијата и во општина Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available. Во рамките на спроведувањето на проектот „BEE-ECONOMY“ кој локалната самоуправа го реализираше преку ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка со партнерската општина Алмопија, денеска на пригодна свеченост се одржа чинот на потпишување на договорите по што на 25 обучени нови пчелари кои редовно посетуваа обука во периодот од звгуст до октомври минатата година им беше доделена базична опрема за пчеларство, проект со кој општината прави напори да даде сопствен придонес во развојот на пчеларството во неготинска општина. 25-те нови пчелари, секој поединечно, добија по 5 дрвени сандаци за пчели, заштитна облека, центрифуга, дималка, по 3 кг. восок и други дополнителни алатки. Корисниците на опремата и идни пчелари упатија јавна благодарност до градоначалникот Апостолов и општина Неготино за помошта што ја добија во вид на обука и опрема додавајќи дека ќе направат максимум напори да станат добри пчелари и да произведуваат квалитетен мед. Опремата е обезбедена преку проектот „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“, а корисниците на опремата се должни да ја користат исклучително за сопствени потреби и истата не можат да ја отуѓуваат во период од 5 години од доделувањето на истата. |
Read more...
|
There are no translations available. Од денеска (26.04) на иницијатива на Владата на РМ започна постапката за поднесување барања од страна на земјоделците кои претрпеа штети на земјоделските култури од ниските и некарактеристични тепмератури за овој период од годината. Одлучено е за подрачјето на општина Неготино постапката да се води преку Подрачната единица на Министерството за земјоделие, а имајќи предвид дека ние сме земјоделски крај, во активностите ќе се вклучат и претставници од општина Неготино. За таа цел формирани се 8 теренски комисии за проценка на штетите од измрзнувањето, а рокот за поднесување на барањата е 15 работни денови и ќе трае заклучно со 10-ти мај, оваа година. Земјоделците кои сметаат дека неповолниот климатски настан кој се случи на 21 и 22 април им има нанесено штети до ПЕ на МЗШВ треба да достават:
-барање
-доказ за сопственост или користење земјоделско земјиште или земјоделски имот за кој се пријавува штетата
-копија од имотен лист или копија за договор за закуп, договор за послуга, договор за плодоуживање и слично
-фотокопија од лична карта и фотокопија од трансакциска сметка
|
There are no translations available.
Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година по шести пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах “Неготино 2017”. Првенството ќе започне на 4 мај (четврток) во 17.00 часот и ќе се одржува во просторот над обложувалницата Марбет (на старата градска чаршија). Првенството кое ќе трае до 8 мај (недела) ќе го отвори покровителот на овој настан – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов. Право на учество на првенството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на Градскиот шаховски клуб “Неготино” ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 4 мај (четврток) до 13.00 часот. |
Read more...
|
There are no translations available.
Неговата екселенција-амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Самуел Жбогар е исклучително задоволен од одличната соработка со општина Неготино и успешната реализација на проекти со средства од Унијата во неготинска општина и овој став тој му го пренесе и на својот домаќин-градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и во изјавата за медиумите за време денешната работна посета на нашиот град. Имено, евроамбасадорот Жбогар присуствуваше на завршната конференција на проектот „ Bee-economy“ –Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ кој општина Неготино го реализираше со средства од ИПА програмата на ЕУ во соработка со партнер-општината Алмопија, а настанот беше искористен за пригодни обраќања на евроамбасадорот Жбогар, градоначалникот Апостолов и заменик-градоначалникот на Алмопија Синсиридис во кои беа пренесени информации за спроведувањето на самиот проект и проектните резултати. На завршниот настан свои излагања имаа и стручни лица кои се осврнаа на можностите за развој на пчеларството во двете општини и производството на мед и пчелни производи. Инаку, работниот дел од посетата евроамбасадорот Жбогар го започна со работна средба со градоначалникот Апостолов на која беа разгледани можностите за аплицирање со нови проекти за користење средства од фондовите на ЕУ, а градоначалникот Апостолов ја искористи можноста да го запознае високиот гостин дека неодамна на општина Неготино од страна на ЕУ и беа одобрени средства од 1.000.000 евра за спроведување на проекти во општината за подобрување на севкупните услови за живеење. Исто така, Жбогар и Апостолов го посетија тренинг центарот од проектот проектот „ Bee-economy“ –Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ сместен во Желковата куќа, средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј, а евроамбасадорот имаше и работна средба со претставници од бизнис секторот од општина Неготино. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Next > End >>
|
Page 190 of 314 |