Општина Неготино
Концерт на националниот фолклорен ансамбл “Танец” во Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Во организација на Општина Неготино на 12 септември (вторник) со почеток од 20 часот на градскиот плоштад во Неготино концерт ќе одржи Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија Танец. Ова ќе биде второ гостување на овој реномиран ансамбл во Неготино по 2014 година. Инаку, Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец. Концертот на фолклорниот ансамбл Танец претставува одлична можност за сите љубители на културата и македонската традиција да го посетат овој настан и да уживаат во професионалните изведби на неговите членови.

Read more...
 
Наградите доделени-заврши турнирот во улична кошарка PDF Print
There are no translations available.

   Со доделувањето на наградите за најуспешните екипи и поединци, на градскиот плоштад заврш 3-дневниот турнир во улична кошарка кој се одржа под покровителство на општина Неготино и градоначалникот Ванчо Апостолов кој на најдорбите им врачи пригодни награди. Во мошне силна конкуренција во сениорска конкуренција со учество на екипи од Неготино, Кавадарци и Росоман првото место го освои екипата на „Зарков“, второпласирана е екипата на „Ема“ која загуби во финалето, додека третото место го освои екипата на „Чикаго“. Во јуниорска конкуренција победи екипата  на „Газела“ која во финалето го совлада тимот на „Дејзи“, а трети беа „МБМ“. Во женска конкуренција победи екипата на „МБМ“, второто место му припадна на „Јанг Старс“, а трети беа „Тим спорт“. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 35.000 денари од кои 15.000 денари доби првопласиранара екипа во сениорска конкуренција. 10-тото издание на турнирот во улична кошарка помина во беспрекорна организација и со масовна посетеност на натпреварите.

Read more...
 
Отчет на градоначалникот Апостолов 2013-2017г.-РАБОТА КОЈА НОСИ ПОДОБРО PDF Print
There are no translations available.

   На прес конференција градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го презентираше Отчетот за реализираните проекти и активности за времетраењето на неговиот мандат од 2013-та до 2017-та година. Под слоганот „РАБОТА КОЈА НОСИ ПОДОБРО“ Апостолов информираше дека во изминатиот 4-годишен период во општина Неготино се реализирани вкупно 161 проект од кои 98 се од Програмата со која ја доби довербата на граѓаните и нови 63 проекти надвор од програмата кои се произлезени од потребите и барањата на локалното население. –„Мој и приоритет на општина Неготино во работењето во изминатиот период беше, е и ќе биде подобрување на состојбите со водоснабдувањето во градот и населените места-проблем кој е присутен со децении, тежок и комплициран за решавање, но сепак со бројни проекти реализирани за негово надминување“-истакна Апостолов и додаде дека е извршено хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење, заменета е повеќе од 70 години старата со нова водоводна мрежа на 10 улици во градот во должина од 8 километри по што следува секундарно приклучување на граѓаните на трошок на локалната самоуправа, кај Дуброво е заменет водоводот со нов во должина од 2,5 километри, Комуналец доби опрема за ефикасно откривање и санирање на дефектите, а се врши замена на старите со нови и онаму каде што ги нема се поставуваат водомери. Градоначалникот информираше дека се изградени 2 нови резервоари за вода во Тимјаник со зафатнина од 500 м3 и во Пепелиште од 250 м3, реактивиран е бунарскиот систем кај Пепелиште, надграден е паралелниот систем за наводнување на дворните површини во Неготино и во селото Криволак, како и бројни други проекти за надминување на овој со години присутен проблем во општината. На градскиот плоштад во Неготино се изгради нова и модерна фонтана.

 Апостолов ја запозна јавноста дека во изминатиот период во општина Неготино се формирани 3 индустриски зони од кои во ИЗ Црвени Брегови се продадени сите 17 парцели и од страна на инвеститорот се изведуваат работи за изградба на инфраструктурата и стопанските објекти, а голем инетерс за купување со оглед на одличната местоположба на нашата општина има и за Индустриската зона Неготино 1 на површина од 33 хектари и ИЗ Дуброво-Тремник на 85 хектари со што ќе се создадат услови за вработување на невработените лица, а стапката на невработеност која во моментов е најниска во последниве 20 години, уште повече ќе се намали.

Read more...
 
Обезбедени простории за Здружението на пчелари „Неготински мед“ PDF Print
There are no translations available.

   На пригодна свеченост која што се одржа во просториите на ТИЦ Желкова куќа, градоначалникот на општина Неготино на претседателот на неодамна формираното „Пчеларско здружение-Неготински мед“ Миле Тошев му ги врачи клучевите од просторијата што ја обезбеди локалната самоуправа и во која над 50 членови на ова неготинско здружение непречено ќе можат да ги планираат и реализираат сопствените активности. Градоначалникот Апостолов истакна дека му е задоволство што по завршениот проект„Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекугранична област“  со грчката општина Алмопија веднаш се презедоа конкретни чекори за формирање на неготинското Здружение на пчелари кое веќе има свои простории со мебел, техника и опрема, а паралелно во с. Вешје е ограден дел од пчелниот парк со 30 кошници. Од името на Здружението „Неготински мед“ благодарност до градоначалниот Апостолов и до стручниот тим кој беше вклучен во проектот изрази претседателот Тошев кој додаде дека сите членови на Здружението ќе дадат максимален придонес за афирмација на нивното делување, а ќе направат напори во истото, покрај од општина Неготино, да привлечат и членови од соседните општини.

Read more...
 
Tурнир во улична кошарка “Street Ball 2017” PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на програмата за спорт, Општина Неготино оваа година по 10-ти јубилеен пат на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2017”. Натпреварите на турнирот ќе бидат одиграни во три дена - 28, 29 и 30 август (понеделник, вторник и среда), а ќе започнат на 28 август (понеделник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино.

Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција (над 18 години) машка - јуниорска конкуренција (под 18 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Истиот за отворен ќе го прогласи покровителот на оваа традиционална спортска манифестација - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов

Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 075/553-800 и 072/320-842, најоцна до 28 август (до 17 часот). Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 35.000 денари.

 

Read more...
 
АПЕЛ PDF Print
There are no translations available.

   Поради тропските горештини и долготрајниот сушен период кои ја зафатија општината се јавува енормно зголемување на водата за пиење која во одредени интервали изнесува и повеќе од 110л/с за ниска зона и повеќе од 20 л/с за висока зона додека
од регионалниот водовод „Лукар“ пристигнуваат околу 60-70 л/с. Во исто време потрошувачите на располагање го имаат и паралелниот систем за наводнување на дворните површини кој кон градот носи околу 100л/с.
Ј.П.„Комуналец“ апелира и ги замолува граѓаните на општината совесно и со чувство на одговорност да ја користат водата, посебно оние кои живеат во пониските делови од градот како би помогнале во ублажување/ надминување на состојбата.
Исто така апелираме и до жителите на населените места чии водоснабдителни системи се поврзани со бунари на рационална потрошувачка бидејќи и кај нив поради лошата хидролока состојба се јавува повлекување и помала издашност на подземните води.
                                                                                 Ј.П. „Комуналец“ - Неготино
 
<< Start < Prev 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Next > End >>

Page 186 of 314