Општина Неготино
Градоначалникот Делков оствари работна средба со потенцијален инвеститор од Турција PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, на нивно барање, прими и се задржа во краток разговор со претставници на фирмата „Симекс груп“ од Бурса-Република Турција на која гостите ги презентираа своите намери да инвестираат во отворање производствен погон на подрачјето на општина Неготино во кој на почетокот вработување би нашле 10-тина невработени граѓани од неготинска општина. Имено, „Симекс груп“ планира во Неготино да отвори погон во кој ќе се произведува опрема за пчеларство за што веќе ги имаат обезбедено и потребните машини за старт на производството. Градоначалникот Делков истакна дека секое едно ново вработување ќе претставува бенефит за едно семејство од нашата општина и негова и интенција на општина е да се создадат што е можно повеќе и подобри услови и други компании да покажат интерес за инвестирање во општина Неготино, отворање нови работни места и намалување на бројот на невработени. Првиот човек на општината Делков ги запозна потенцијалните инвеститори со одличната местоположба на нашиот град, како и со фактот дека општината располага со веќе подготвени градежни парцели за продажба во Индустриските зони,а гостите од Турција покажаа интерес за купување на една од споменатите градежни парцели.

Read more...
 
Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) објави Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански здруженија и организации PDF Print
There are no translations available.

Европската асоцијација за локална демократија АЛДА објави Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи во рамки на проект „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од: Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД).
Проектот е финанасиран од Делегацијата на Европската унија во Скопје преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015.
Пријавите се доставуваат најдоцна до 24.12.2017 година до 17.00 часот, на следната e-mail адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Повикот со детални информации и образец за пријавување можете да најдете на следниот линк: http://www.alda-europe.eu/newSite/news_dett.php?id=2058
 
Со 400.000 евра ќе се подобрува енергетската ефикасност во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   По дадената согласност од општинскиот Совет, општина Неготино преку Одделението за локален економски развој и Одделението за енергетска ефикасност ќе го имплементира проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина со акроним „ЕНПОЛ-ЕЕ“ кој ќе се имплементира во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија 2014-2020 година. Водечки корисник на овој проект е општина Пела-Грција, општина Неготино e кориснк 2 ,корисник 3 е  Корпорација за јавен интерес за култура  и развој на општина Пела-Грција ,  СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од нашиот град е корисник 4. Вредноста на одобрениот буџет за општина Неготино изнесува 315.797 евра или 19.432.708,50 денари со финансирање во сооднос 85 отсто Европска унија и 15 отсто национално ко-финансирање, додека вредноста на одобрениот буџет за СОУ “Св. Кирил и Методиј“ е во иснос од 86,740 евра или 5.334.540,75 денари со идентичен сооднос во делот на финансирањето. По дадената согласност следува потпишување на договорот помеѓу 4-те корисници на средствата и договорот за субвенционирање. Овој проект за подобрување на енергетската ефикасност на територијата на општина Неготино ќе се спроведува во период од  22 месеци, од денот на потпишување на Договорот за партнерство од сите четири страни и Договор за субвенционирање кој  го потпишува водечкиот корисник -општина Пела и Управувачкото тело при Министерството за економија и развој на  Република Грција.

Read more...
 
Усвоени Програмите за работа на општина Неготино за 2018-та година PDF Print
There are no translations available.

 Советот на општина Неготино ги усвои Програмите за работа на општина Неготино за наредната 2018-та година со што се поставени основите за дејствување на  градоначалникот и локалната самоуправа за наредниот едногодишен период. Советот даде согласност за имплементирање на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина со акроним „ЕНПОЛ-ЕЕ“ кој ќе се имплементира во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Република Македонија 2014-2020 година. Исто така, беа донесени Програмите за комунални дејности и уредување на градежното земјиште во нашата општина, за изработка на урбанистички планови, за локален економски развој, за енергетска ефикасност, заштита на животната средина, потоа Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на територијата на општина Неготино, како и Програмите за социјална заштита, образование, спорт, култура, поддршка на здруженија и фондации и оперативниот план за дејствување во зимски услови на јавни претпријатија и установи основани од општината, трговски друштва и органите на општина Неготино. На седницата, беа донесени и други одлуки и решенија од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

Read more...
 
Општина Неготино започна со реализација на Програмата Општинско корисна работа PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино од месец октомври 2017 година отпочна со реализација на Програмата  Општинско – корисна работа во соработка со Центар за вработување Неготино и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржана од страна на УНДП. Со оваа Програма се ангажирани 8 невработени лица и тоа  7 во игралните за претшколски деца во рурални средини и 1 лице во Дневен центар за стари лица во с. Тимјаник. Целта на овој проект е ангажирање и обезбедување социјална вклученост на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот преку работно ангажирање со скратено работно време заради стекнување на одредени вештини, а исто така и  зголемување на понудата на социјалните услуги согласно потребите на населението и помош за жителите на територијата на локалната самоуправа преку обезбедување на услуги од социјална сфера.
 
Во среда (29.11.) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Претседателот Диме Витанов за во среда ,29-ти овој месец, свика одржување на редовна седница на Советот на општина Неготино која ќе започне од 18,00 часот со 18 точки на дневен ред за разгледување од страна на советниците. Меѓу другото, на дневен ред ќе се најдат повеќе предлог-програми и тоа за енергетска ефикасност, за изработка на урбанистички планови, за заштита на животната средина, за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино, предлог-програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на нашата општина, како и предлог-програмите за локален економски развој, за социјална заштита, образование, спорт, култура и здруженија и фондации. На дневен ред ќе се најде и предлог-оперативниот план за дејствување во зимски услови на јавни претпријатија и установи основани од општината во 2017/2018 година, како и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
<< Start < Prev 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Next > End >>

Page 179 of 314