Општина Неготино
Премиерот на РМ Зоран Заев на прославата на Св.Трифун во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Претседателот на Владата на Република Македонија  Зоран Заев  придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и советничката за земјоделски политики  Ленче Николовска присуствува во Неготино на централната манифестација од Неделата  на виното која во нашиот град се одржа  по повод традиционалното одбележување на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. Меѓу присутните гости беше и Неговата Екселенција амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние, делегации од збратимените градови Попово и Наѓката, пратеници во Парламентот, градоначалници и други гости кои го исполнија градскиот плоштад и го следеа настанот. Премиерот Заев најпрво оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а веднаш потоа сите присутни се упатија на плоштадот каде што ги посетија поставените штандови, разговараа со граѓаните и дадоа изјава за медиумите. Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Делков истакна дека оваа година беше понуден нов концепт, нови содржини и настани и подобра понуда и услуги водејќи се од визијата Свети Трифун-Неготино да биде вински фестивал вреден за почит, придружен со добра забава за сите генерации и со префинет вкус на традицијата. Неготино, потенцираше Делков, тоа го заслужува бидејќи има одлична местоположба и токму овде се произведуваат најдобрите вина од најдобрите винарии, а тенденција е овој настан да добие комерцијална и додадена вредност и да стане препознатлива стопанско-туристичка манифестација. Свештено лице од МПЦ „Свети Атанасиј“ го изврши обредот на осветување, по што следеше и чинот на симболично закројување на импровизираната лоза. Присутните на плоштадот имаа можност да уживаат во богата културно-уметничка програма со настап на фолклорни друштва и познати имиња од македонската естрада.

Read more...
 
Отворена традиционалната копаничарска работилница PDF Print
There are no translations available.

   Директорот на Музејот на град Неготино Ристе Марков и претседалот на Советот на општина Неготино Диме Витанов во присуство на заинтересирани граѓани ја прогласија за отворена традиционалната копаничарска изложба која се одржува во рамките на Неделата на виното-Свети Трифун 2018 година. На изложбата со свои дела се претставија членови на Здружението „Стари занаети“ од Неготино кои предизвикаа интерес кај посетителите кои со внимание ги проследија изложените дела. Во знак на благодарност за вложениот труд при изработката на делата и организацијата на настанот, претседателот на Советот на општината Диме Витанов на копаничарите учесници им додели благодарници.

Read more...
 
„Ден на вранецот 2018г" во манастирот Св. Ѓорѓи PDF Print
There are no translations available.

   Во присуство на голем број посетители од нашата општина и гости од земјава и странство меѓу кои заменик министерот за земјоделство Благе Цветковиќ, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, гости од збратимените градови Наѓката-Унгарија и Попово-Бугарија, сопственици на винарии, претставници на Факултетот за туризам од Гевгелија и многу други присутни, денеска во манастирот Свети Ѓорѓи се одржа настанот Ден на вранецот на кој се дегустираше едно од најавтохтоните неготински и македонски вина „вранец". Присутните гости ги поздрави и настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Инаку, настанот беше поделен во два дела и тоа првиот промотивно, дегустационен и хуманитарен настан Ден на вранецот со вина од индивидуални производители збогатен со „раванијада" и „зелникот од рацете на баба ми", а вториот Мастер клас за виното „вранец" со учество на винарии од општина Неготино и регионот. На сите учесници кои денеска се претставија со вино „вранец" градоначалникот Делков им додели благодарници.
Read more...
 
Театарска претстава и ликовна колонија по повод „Св.Трифун" PDF Print
There are no translations available.

    Центарот за култура „Ацо Ѓорчев" беше домаќин на два настани од Неделата на виното. Прво претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов ја отвори ликовната колонија на која со свои дела се претставија ликовни уметници од нашата општина, а нивниот труд беше валоризиран со добивање благодарници и рекламен материјал. Малку подоцна се одржа театарската претстава „Вино, грозје и љубов" со учество на 15-тина штитеници и волонтери од дневниот центар Порака од Неготино.

Read more...
 
Се подготвуваше „зелник од рацете на баба ми"! PDF Print
There are no translations available.

   Во просториите на постојаната етнолошка поставка во Музејот на град Неготино, а во рамките на Неделата на виното-Свети Трифун 2018г. се одржа настан насловен како ,,Зелникот од рацете на баба ми". Станува збор за приказна, презентација и оценување на изработени пекарски производи од вредните раце на претставничките на Здружението ,,Анри Динан" кое делува во состав на неготинскиот Црвен крст на кои им асистираа ученички од СОУ,,Св.Кирил и Методиј" од нашиот град. Изработените производи ќе бидат оценувани од 3-члена стручна комисија, а наедно ќе бидат и послужени за време одржувањето на Денот на вранецот. Од страна на организаторот на сите учеснички им беа доделени благодарници.
Read more...
 
Етно-работилница на ракотворби и декорации PDF Print
There are no translations available.

   Во Музејот на град Неготино беше отворена етно-работилница на декорации и ракотворби инспирирани од грозјето и виното. Присутните на настанот имаа можност да ги разгледаат изработките од страна на штитениците во дневниот центар Порака и од Здружението на слепи лица од Неготино со асистенција на млади волонтери од неготинскиот Црвен крст. Изложбата ја отвори директорот на Музејот Ристе Марков, а претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов на учесниците им врачи благодарници. Изработените ракотворби и декорации ќе бидат изложени на штандови во среда 14 февруари на централната свеченост по повод празникот Св. Трифун која ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино.
Read more...
 
<< Start < Prev 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Next > End >>

Page 174 of 314