Општина Неготино
Започна Градското првенство во шах „Неготино-2022“ PDF Print
There are no translations available.

   Посакувајќи им успех на сите учесници на натпреварувањето со желби да победи најдобриот, го прогласив за отворено Градското првенство на Неготино во шах за 2022 година кое се одржува по 3 години пауза и на кое учествуваат околу 30 шахисти-аматери од општина Неготино. Првенството се одржува во просториите на ТИЦ„Желкова куќа“ и ќе се игра швајцарски систем од 9 или 7 кола во зависност од бројот на пријавените учесници со темпо на игра од 30 минути по партија. Се очекува првенството да заврши до престојниот викенд кога ќе биде познат победникот на Градското првенство во шах, по што како градоначалник на општина Неготино заедно со претставник на коорганизаторот на турнирот Градскиот шаховски клуб „Неготино“ ќе ги доделиме наградите чиј фонд изнесува 25.000 денари и тоа за најдобро пласираните, најдобриот млад шахист, најдобриот шахист сениор и најдобрата шахистка. Сите заинтересирани мечевите можат да ги следат секој ден од 18,00 до 20,00 часот. 
 
Read more...
 
Денес започнува отвореното градско првенство во шах PDF Print
There are no translations available.

Во организација на Општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино” денес (понеделник, 4 април) со почеток од 17 часот во просториите на ГШК Неготино - ТИЦ Желкова куќа (2 кат), ќе започне Градското првенство на Неготино во шах за 2022 година. По 3 години пауза, првенството за отворено ќе го прогласи градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов, а на истото учество ќе земат оклоу 30-тина шахисти – аматери од нашата општина. Првенството на кое ќе се игра швајцарски систем од 9 (или 7 кола) во зависност од бројот на пријавени учесници со темпо на игра од 30 мин. по партија ќе трае до овој викенд, кога Неготино повторно ќе добие првак во шах по неколкугодишна пауза. Наградниот фонд изнесува 25.000 денари, а покрај наградите за најдобро пласираните, ќе бидат доделени награди и за најдобриот млад шахист, најдобриот сениор и најдобра шахистка на турнирот. Мечевите ќе се играат секој ден со почеток од 18ч. до 20ч.
Пријавувањето за учество е најдоцна до 4 април (14.00 часот), а истото може да се направи на тел. 075 416 496 кај ВМ Трајко Недев.

 
 
Се одржа манифестацијата „Маскенбал-2022г“ PDF Print
There are no translations available.

Стотици ученици од двете основни и средното училиште од градот и дечиња кои престојуваат во трите клона на неготинската детска градинка беа дел од традиционалното дефиле под маски по повод 1-ви април-Денот на шегата. По пауза од 2 години поради пандемијата од ковид, денеска сите заедно можевме да уживаме во следењето на манифестацијата „Маскенбал-2022г“. Честитки и благодарност до сите кои на еден или друг начин придонесоа за успешна реализација на годинашниот маскенбал на задоволство на сите присутни кои по улиците на градот и на градскиот плоштад ја проследија денешната манифестација.

Read more...
 
Објава за закуп на урбана опрема 3 (три) куќички за продажба на вино, мед, сувенири и друг вид на рачно изработени производи PDF Print
There are no translations available.

Општина Неготино, во рамките на проектот ,,Вински,Апи и Еко туризам во Неготино и Околината” како и за успешно реализирање на дел од активностите во рамките на проектот „Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој – WINE-UP“ (во понатамошниот текст - проект „WINE-UP”), на ден 24.03.2022 година, за потребите на проектот објавува:  

Објава за закуп на урбана опрема 3 (три) куќички за продажба  на вино, мед, сувенири и друг вид на рачно изработени производи

Урбаната опрема  е поставена на градскиот плоштад во општина Неготино, сопственост на општина Неготино врз основа на одобрение за попставување на  урбана опрема УП бр.11-498 од 19.10.2018 година.
Урбаната опрема  се издава под закуп за времетраење од 6 месеци од денот на потпишување на Договор за закуп со понудувачите.
Право на учество  имаат сите заинтересирани правни лица од Република Северна Македонија.
Заинтересираните правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата, може да учествуваат за секоја од поединечната урбана опрема.
Висината на месечната закупнина изнесува 530 денари.
Изјава за учество за закуп на урбана опрема се поднесува електронски или лично во просториите на одделение за Локален Економски развој во општина Неготино. Понудувачот при тоа е должен да достави и Доказ за идентитет –Тековна состојба  од Централен Регистар на РСМ.
Објавата трае 5 дена почнувајќи од 24.03.2022 и ќе трае заклучно со 29.03.2022 година до 16:00часот.
Селекција на понудувачите ќе се изврши од страна на комисија за располагање со недвижни и движни ствари на општина Неготино а ќе се врши по принципот на прв дојден прв услужен.
 
Потпишан договорот за изградба на улица во Курија во должина од 531 метри PDF Print
There are no translations available.

   Заедно со претставникот на избраната фирма изведувач на работите Градба промет-Кавадарци и официјално го потпишавме договорот за изведување на градежните работи за изградба на улица во село Курија. Имено, општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија во должина од 531 метри. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој ( Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот  при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет ќе учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2. Очекувам работите на терен да запознат во најскоро време.
 

 
Отвореното градско првенство во шах ќе се одржи од 4 до 10 април PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино” во периодот од 4 до 10 април ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах “Неготино Опен 2022”. Отварањето на првенството е на 4 април (понеделник) во 17.00 часот, а истото ќе се одржува во просториите на градскиот шаховскиот клуб “Неготино”. Првенството за отворено ќе го погласам како покровител на овој настан и градоначалник на општина Неготино. Право на учество на првенството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите шахисти на турнирот изнесува 25.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на градскиот шаховски клуб “Неготино” ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 4 април (понеделник) до 14.00 часот.
 

 
 
 
<< Start < Prev 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Next > End >>

Page 18 of 314