Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 14 ( четиринаесетта ) редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 22.07.2022 година ( петок ) во 14:00 часот. За седницата го предлагам следниот ДНЕВЕН РЕД 1.Усвојување на записник од 6 вонредна седница на Совет на Општина Неготино 2. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/3 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за влез на оператор на гробишта и користење на ладилник 3. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/4 од 23.06.2022 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за собирање на смет за физички 4. Предлог - Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/5 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на гробни места и висина на цена за влез на гробишта на каменорезач 5. Предлог- Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/6 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на машински и рачни работни задачи 6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2022 година 7. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2022 година 8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2022 година 9. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на Општина неготино за 2022 година 10. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2022 година 11. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2022 година 12. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година 13. Предлог- Измени и дополнувања на буџетот на општина Неготино за 2022 година ( ребаланс ) 14. Предлог – Правилник за определување на постапка и критериуми за доделување на финансиски средства на задруженија и фондации од буџетот на Општина Неготино 15. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино 16. Предлог – Заклучок за утврдување на локација за дислокација на дивите гаражи, земјоделски машини, моторни хаварисани возила кои узурпираат јавна површина на територијата на општина Неготинo 17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
|
|
Како увертира во манифестацијата “Спортско – културно лето 2022”, која општина Неготино ја подготвува за граѓаните за периодот кој следува, во петок 15 јули започнува првиот од предвидените настани, односно меморијалниот турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов”. Отварањето на турниорот кој што ќе одржи на терените на спортскиот комплекс СРЦ “Mладост” е закажано за петок во 20.30 часот, а учество на турнирот ќе земат повеќе екипи од Неготино, Скопје, Велес, Прилеп, Кавадарци, итн. Досега се пријавени вкупно 16 екипи, а пријавувањето за учество завршува денес (среда, 13 јули). Секоја екипа има право да пријави вкупно 10 играчи, а на терен се игра 5+1. Ждрепката и распоредот на натпреварите ќе бидат утврдени во четврток, 14 јули. Наградниот фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесува 140.000 денари, а покрај наградите за најдобро пласираните четири екипи, ќе бидат доделени и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и МВП на турнирот. Завршните мечеви и финалето на овој спортски настан се закажани за 7 август, кога ќе бидат доделени и наградите за надобрите учесници. Општина Неготино и организаторите на настанот упатуваат покана до граѓаните од општината масовно да ги посетат случувањата на турнирот кој гарантира интересни натпревари и одлична забава.
|
По иницијативата на Владата и Министерството за труд и социјална политика за отпочнување процес за подготовка на националната Стратегија за правата на лицата со попреченост и одржаната национална работилница, започнаа дискусии во рамките на работните групи кои ќе бидат задолжени да предложат мерки и активности за вградување во самата стратегија. Имајќи предвид дека вклученоста на локалните заедници е од исклучително значење бидејќи сите услуги се испорачуваат на локално ниво, во Неготино се одржа работилница за стратегијата со цел да се слушнат гласот и мислењата на општината и локалните чинители од сите сектори. На работилницата свои обраќања имаа Наталија Спасовска од ГИЗ, Васка Бајрамовска-народен правобранител и Благородна Шопова од ЗЕЛС кои истакнаа дека резултатите од процесот ќе се темелат на придонесот на секој чинител, како и поставувањето на остварливи заеднички цели, што пак се очекува да придонесе за успешна реализација на имплементациската фаза која следува. Предлозите и сугестиите од работилницата ќе бидат сумирани и документирани и соодветно презентирани на наредните работни групи кои продолжуваат од септември. |
Повеќе...
|
Во наредниот двомесечен период во рамките на предвидените програмски активности, Општина Неготино за своите граѓани планира да обезбеди широк спектар на културни, спортски и други настани преку кои ќе придонесе за збогатување на општествениот и културно-забавниот живот во општината. Оваа година во рамки на манифестацијата “Спортско – културно лето ‘22”, која за прв пат ќе биде презентирана како единствена целина, ќе бидат одржани голем број на настани меѓу кои: турнири во повеќе спортови, театарски претстави, концерти, како и настани за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност и настани со стопански карактер. За одбележување е организацијата на познатата “Неготинската музичка вечер 2022”, во рамките на која ќе настапат повеќе познати музички ѕвезди, а истата ќе се одржи на градскиот плоштад. Подетални информации за предвидените настани Општина Неготино ќе објавува пред започнувањето на секое од планираните случувања. Ги покануваме сите граѓани на Општина Неготино масовно да ги посетат предвидените настани и да уживаат во понудените содржини. |
Во присуство на претставници на Министерството за труд и социјална политика, претставници на СОС Детско село, локалната самоуправа и други во Неготино се реализираше кампањата „Подај рака и промени живот-стани згрижувач“ која има за цел да го промовира згрижувањето и да се направат напори што е можно поголем број граѓани да се стимулираат да станат згрижувачи на деца без родители. Во моето обраќање како градоначалник и во име на општина Неготино дадов безрезервна поддршка на иницијативата за градење на мрежа на згрижувачки семејства и достапни услуги во локалната заедница за сите. Ние како општина ќе дадеме соодветен придонес во идентификувањето на потенцијалните згрижувачи кои би обезбедиле грижа и заштита на децата без родители, а ќе се заложиме и да обезбедиме развој на систем на поддршка на други дополнителни социјални улсуги. Обраќање пред присутните имаа и претставници од ресорното Министерство на централни и локално ниво, од СОС Детското село и други и сите истакнаа дека настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани кои имаат потенцијал и желба да станат згрижувачи, со единствена цел нивниот број на локално и државно ниво драстично да се зголеми. |
Повеќе...
|
Во организација на Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село денеска во Неготино со почеток од 18,30 часот на градскиот плоштад ќе се одржи трибина на тема „Подај рака и промени живот-стани згрижувач. На настанот се очекува претставници на ресорното Министерство и од СОС Детското село да го претстават овој проект за кој веќе 40-тина денови во повеќе градови во нашата држава се спроведува континуирана кампања. Истата има за цел да го промовира згрижувањето, односно да се поттикнат што е можно поголем број граѓани да станат згрижувачи на деца без родители, за да може секое дете да расте и да се развива во безбедно семејство опкружено и исполнето со љубов. На настанот можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои ќе можат да добијат информации и да се запознаат како и под кои услови се станува згрижувач. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Лист 9 од 314 |