Страшното невреме што ја зафати нашата општина предизвика големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини. Со цел за подетално утврдување на фактичката состојба на терен и настанатите штети, општина Неготино формираше Комисија која со работа започна уште рано утринава и за само 1 ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети. Комисијата продолжува со работа и во наредните денови и сите граѓани можат да поднесат барање за проценка на штети. По прибирањето на сите барања, членовите на Комисијата ќе излезат на терен и ќе извршат соодветна проценка на пријавените штети. П Р И Ј А В А |
|
По завршувањето на меморијалниот турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов”, манифестацијата Спортско-културно лето - Неготино 2022, која ја реализира општина Неготино заедно со бројни граѓани, здруженија, установи и спортски колективи од општината, продолжува со одржувањето на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street ball 2022” кој по двегодишна пауза повторно се враќа на градскиот плоштад во Неготино. Овој спортски настан кој во изминатите години го привлекуваше вниманието на граѓаните од општината и пошироко, ќе се одржи во периодот од 23 до 25 август на градскиот плоштад, со цел да понуди добра кошарка, многу музика, одлична забава и уживање за посетителите. Во тек е пријавувањето на екипите за учество на турнирот, а истото може да се направи на телефонските броеви 076/808-560 и 078/341-931. Екипите пријавуваат вкупно 4 играчи, а истите во зависност од возраста и полот ќе бидат класифицирани во три конкуренции: машка (сениорска и јуниорска) и женска конкуренција. Општина Неготино обезбеди богат награден фонд за најдобрите екипи и поединци на турнирот. |
Во рамките на програмските активности на Општина Неготино, Комисијата за јавни дејности при Советот на Општина Неготино врз основа на Правилникот за определување на постапката и критериумите за доделување на финансиски средства на задруженија и фондации од буџетот на Општина Неготино бр. 08-511/13 од 22.07.2022 год. (Службен гласник на Општина Неготино бр. 11/22), објавува:
Ј А В Е Н П О В И К за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Неготино за здруженија и фондации за 2022 година
1. Распределбата на средства за здруженија и фондации од Буџетот на општина Неготино во висина од 200.000,00 денари (двеста илјади денари) се врши преку финансирање на проекти во приоритетни области и цели кои се однесуваат на:
• култура • образование • екологија • спорт • комунални дејности • социјална заштита • здравство • интердисциплинарни проекти • меѓународна дејност • други области 2. Критериуми за аплицирање 2.1. Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите се: • Да се регистрирани согласно Закон за здруженија и фондации (“Службен Весник на РМ” бр.52/10, 135/11 и 55/16); • Да имаат седиште во Општина Неготино
2.2. Посебни проектни критериуми врз основа на кои ќе се врши проценка на квалитетот на проектите за здруженијата и фондациите се: Критериуми Бодови 1.Организациски капацитет (профил, капацитет, релевантно искуство) 20 2.Релевантност на проектот со приоритетната област (анализа на проблемот, актуелност, целна група) 30 3.Опис на проектот (цели, резултати, активности, пристап) 20 4.Ефекти во локалната средина (влијание врз целните групи, одржливост) 15 5.Буџет (соодветно изразени активности во буџетот и оправданост на трошоците) 15 Максимум бодови 100 * за да се квалификува проектот за финансиска поддршка треба да освои најмалку 50 бодови |
Повеќе...
|
Во ООУ Гоце Делчев во нашиот град интензивно се одвиваат подготовките за успешен старт на новата учебна година во која во училишните клупи во централното и подрачните училишта настава ќе следат околу 810 ученици. Како што информира директорката Елена Стојанова во моментов се врши комплетно обелување на централното училиште, по што ќе се обелат и подрачните училишта. Исто така се работи и на подготовка на кабинетот по техничко образование, како и други тековни активности. |
Повеќе...
|
Поради свлечиште на земјиште, дојде до оштетување на водоводната линија од која со вода за пиење се снабдуваат жителите на селата Горни Дисан и Вешје. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на општина Неготино и ЈП Комуналец дефектот е отстранет за рекордно кратко време со што жителите на овие две села имаат нормално и редовно водоснабдување, посебно во летниот период со високи температури. Додека траеше санацијата, месното население беше снабдувано со вода со помош на ТППЕ Неготино. |
Повеќе...
|
Работници на изведувачот на работите фирмата Гас трејд од Д. Капија под надзор на Студио Архивисион од Скопје за потребите на општина Неготино започнаа со активности за расчистување на дивите депонии на подрачјето на нашата општина. Се стартуваше со чистење на депонијата во Д. Дисан и околината, а со оваа голема акција ќе бидат опфатени депониите во сите населени места во општина Неготино. Активностите планирано е да се одвиваат во наредните 60--тина денови, а предвидени се и заеднички работи со месното население. Секој граѓанин кој има сознанија за постоење на дива депонија, може да пријави до надлежните служби при општината или до Моја патрола. Сметот и шутот ќе се транспортираат до градската депонија Бучето. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Лист 7 од 314 |