Повеќе од 100 години во чест на верскиот празник Мала Богородица – 21 септември, во Неготино се одржува познатиот „Неготински панаѓур”. Последните неколку години празнувањата започнуваат на 19 септември, кога се одржува познатата “Неготинска вечер”. Ова е вечер на староградска песна, музика и дружење за сите генерации, вечер кога Старата чаршија и градскиот плоштад во Неготино се претесни за да ги соберат посетителите, кои ги забавуваат познати и реномирани музички имиња на македонската естрада. Програмата е збогатена и со настапи на акробати и жонглери као и театарски перформанс на помали театарски групи. |
Повеќе...
|