Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е За свикување на седма вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 18.08.2022 година ( четврток ) во 14:30 часот . За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 14 редовна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година
3. Предлог – Одлука за сопствено учество на Општина Неготино во реализација на проектот „ Зајакнување на капацитетите на ТППЕ во општина Велес, Неготино, Свети Николе и Кавадарци преку набавка на високо професионални возила согласно европските стандарди “
4. Предлог – Одлука за утврдување на интерес за основање на Акционерско Друштво Градски Ракометен Клуб „ ВАРДАР НЕГОТИНО “ Неготино
5. Предлог – Одлука за доделување на паричен надомест за секој ученик запишан во прво одделение во учебната 2022/2023 година во основните училишта во општина Неготино
6. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за образование на Општина Неготино за 2022 година
7. Предлог – Одлука за пренамена на средства од Буџетот на општина Неготино
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за дополнување на План за работа на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “Неготино за 2022 година |
|
|
Советот на Општина Неготино на седницата одржана на ден 31.05.2022 година донесе Одлука за распишување на јавен повик за формирање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино и тоа: урбани заедници во градот и месни заедници во населените места. На истата седница Советот донесе и Правилник за работа на облиците на месна самоуправа во општина Неготино. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои имаат интерес за основање на урбана заедница/месна заедница да поднесат иницијатива за основање до Советот на општина Неготино. Иницијативата за основање задолжително треба да содржи : подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање , образложение за потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани и истите да се поднесат до Архивата на Општина Неготино најдоцна до 10.09.2022 година. Во прилог :
- Одлука бр.08-395/4 од 31.05.2022 година - Правилник бр. 08-395/5 од 31.05.2022 година и - Одлука бр. 08-760/6 од 28.12.2066 година |
Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 14 ( четиринаесетта ) редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 22.07.2022 година ( петок ) во 14:00 часот. За седницата го предлагам следниот ДНЕВЕН РЕД 1.Усвојување на записник од 6 вонредна седница на Совет на Општина Неготино 2. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/3 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за влез на оператор на гробишта и користење на ладилник 3. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/4 од 23.06.2022 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за собирање на смет за физички 4. Предлог - Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/5 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на гробни места и висина на цена за влез на гробишта на каменорезач 5. Предлог- Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/6 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на машински и рачни работни задачи 6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2022 година 7. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2022 година 8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2022 година 9. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на Општина неготино за 2022 година 10. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2022 година 11. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2022 година 12. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година 13. Предлог- Измени и дополнувања на буџетот на општина Неготино за 2022 година ( ребаланс ) 14. Предлог – Правилник за определување на постапка и критериуми за доделување на финансиски средства на задруженија и фондации од буџетот на Општина Неготино 15. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино 16. Предлог – Заклучок за утврдување на локација за дислокација на дивите гаражи, земјоделски машини, моторни хаварисани возила кои узурпираат јавна површина на територијата на општина Неготинo 17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
|
Продолжување на 7 редовна седница на Совет на Општина Неготино на ден 22.07.2022 година во 13 :30 часот |
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното Р Е Ш Е Н И Е За свикување на шестта вонредна седница на Советот на општина Неготино Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 13.07.2022 година ( среда ) во 15 часот . За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Усвојување на записник од 5 вонредна седница на Совет на Општина Неготино 2. Предлог - Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средно образование на подрачјето на општина Неготино |
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>
|
Лист 3 од 9 |