Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 17 ( седумнаесеттата ) редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 13.10.2022 година ( четврток ) во 14:15 часот. За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Советнички прашања
|
|
Најдоцна до петок, 21 овој месец, до 16,00 часот до архивата на локалната самоуправа можат да се доставуваат предлози со кандидати за добитници на наградата, признанијата и признанието почесен граѓанин на Неготино по повод празникот 8-ми Ноември. Признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани на посебен формулар кој можат да го подигнат во архивата на ОН или да го симнат од општинската веб страница. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино, а наградите и признанијата на добитниците ќе им се доделат на свечената седница која ќе се одржи во вторник на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на нашиот град. |
Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 16 ( шеснаесетатта ) редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.09.2022 година ( четврток ) во 14:30 часот. За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 10 вонредна седница на Совет на Општина Неготино
2. Усвојување на Записник од 11 вонредна седница на Совет на општина Неготино
3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
4. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино
5. Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план Детален урбанистички план за урбана единица 5 дел од блок 17 ( помеѓу улиците „ Фемо Кулаков “ , „ 8 Ноември “ и „ Владо Арсов Шпанац “ ) општина Неготино
6. Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план Детален урбанистички план за урбана единица 6 дел од блок 19 ( помеѓу улиците „ Ацо Аџи Илов “ , „ Јане Сандански “ и „ Христо Ботев “ ) општина Неготино
7. Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план Детален урбанистички план за урбана единица 9 дел од блок 28 ( помеѓу улиците „Маршал Тито“, „Железничка“ и Автопат А1) Oпштина Неготино
8. Предлог – Одлука за донесување на предлог урбанистички план за вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана-површински соларни и фотоволтаични електрани до 10MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477 м.в Дубровско, КО Дуброво, општина Неготино
9. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
10. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода град што ја зафати општина Неготино на 09 јуни 2022 година
11. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2022 година
12. Предлог – Решение за финансирање на проекти на здруженија и фондации по јавен повик бр. 08-566/1 објавен на 10.08.2022 година
13. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за работа за учебната 2021/2022 на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков “ Неготино
14. Предлог –Одлука за усвојување на Програмата за работа за учебната 2022/2023 на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
15. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
16. Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка
17. Писмена информација за режимот на сообраќајот во населбата Саат Кула во Неготино
18. Писмена информација за Проект за зајакнување на општинските совети – фаза 2 финансиран од ( УНДП и Швајцарска амбасада )
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>
|
Лист 1 од 9 |