Со засадување на 200 садници на 2 локации во градот денеска беше означено успешното завршување на проектот ЕНПОЛ-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка Р. Грција-Р. Северна Македонија. На настанот претставници на општината и на Инвест дооел ги запознаа присутните со реализираните активности и резултатите од проектот Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативно фактор за политика на животната средина. Проектот со акроним Енпол-Ее беше реализиран во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ Св. Кирил и Методиј, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на општина Пела. Секој учесник на настанот од организаторите доби по една садница како подарок од проектот. |
Повеќе...
|
|
Во среда на 31 овој месец на две локации во општина Неготино, а во рамките на проектот „ENPOL-EE“ од програмата за прекугранична соработка Р.Грција-Р.Северна Македонија, се организира завршен финален настан со кој ќе биде одбележано успешното завршување на проектот. Настанот е од отворен карактер и од 12 часот првата активност ќе се одржи во паркот на УЕ3 урбан блок 12 со обраќање на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претстаник на Инвест доел, по што ќе следи презентација на реализираните активности и резултати од проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политиката за животна средина“. Со втората и третата сесија од настанот се предвидува уредување на паркот на УЕЗ Урбан блок 12 со засадување на 100 садници, а исто толку садници ќе бидат засадени и на детското игралиште на ул„Марксова“-УЕ4 Урбан блок 14. Сите заинтересирани, се рабира со строго почитување на здравствените протоколи, можат да присуствуваат и да се запознаат со резултатите од проектот кој се реализираше во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ„Св.Кирил и Методиј“, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела-Грција. АГЕНДА |
Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „ Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија “ ,во периодот од 2014 – 2020 година “ вчера во општина Неготино беше одржан промотивен настан за презентација на брошура на тема „ Како да се користат локалните ресурси на обновлива енергија за подобрување на енергетската ефикасност “ . Примерок од брошурата можеше да се подигне на две локации во Општина Неготино и тоа локација од општинската зграда на општина Неготино и локација Центар за култура –„ Ацо Ѓорчев “ . Промотивниот настан се одржа на отворен простор, почитувајќи ги сите протоколи за заштита од Корона вирусот. Инаку Проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина “ со акроним „ ENPOL – EE “, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „ Св.Кирил и Методиј “ - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција . Брошура Brochure |
Денес во општина Неготино, односно во Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ се одржа петтиот, а воедно и последен информативен ден на тема „ Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години “. Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина“ со акроним „ ENPOL – EE “, а се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, СОУ„ Св.Кирил и Методиј “ Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција . Имено, пред почетокот на инфо денот беа доделени 600 зимзелени садници на сите кои земаа учество на отворениот повик „ Награди за најдобри енергетски практики “ кој беше објавен на официјалниот веб сајт на општина Неготино, но и останати граѓани од општината кои земаа учество на настанот. |
Повеќе...
|
Како дел од проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo го организира петтиот и последен инфо ден кој ја обработува темата „Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години”.
Петтиот инфо ден ќе се одржи на 17.11.2020 (вторник) во НУ Центар за култура – Ацо Ѓорчев, Неготино, со почеток од 10:50 часот.
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Лист 1 од 10 |