There are no translations available.
ПОКАНА ЗА ПОНУДА-РАБОТИ 05-561 Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.7 05-561/2
Проект,,wa-mbrella,, Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-561/1 од 25.10.2019 општина Неготино спроведе дополнително истражување на пазарот за потреба од набавка РАБОТИ за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за за проектот ,,wa-mbrella”,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,.По спроведеното дополнително истражување на пазарот, општина Неготино достави покани до 3 компании. Покрај тоа од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2019-Simplified procedure ) .
Истата е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 28.10.2019 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта поставена на ЦД.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 27.11.2019(среда ) до 16.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.Отварањето на понудите е планирано за 04.12.2019 (среда) во 10.00 часот во просториите на општина Неготино.
Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/
Контакт Општина Неготино 043-361-045 |
Read more...
|
|
There are no translations available. Општина Неготино беше домаќин на вториот по ред информативен ден во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ од ИПА програмата за прекугранична соработка-проект кој заеднички се спроведува со водечкиот партнер општина Алмопија-Грција, комуналното претпријатие од Алмопија и ЈП Комуналец-Неготино.Како што истакна претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој го отвори настанот, генерално проектот Wa_mbrella дава одговор на прашањето како можат локалните власти, а посебно органите на локалната самоуправа со комуналните претпријатија да придонесат за заштита на биолошката разновидност и чуствителните еко-системи, бидејќи со проектот се предлагаат мерки и активности во севкупниот пристап во управувањето со водите во општините Неготино и Алмопија со очекување заштитата на екосистемите да произлезе од интервенциите во три области и тоа наводнување, канализација и водоснабдување. Предложено е вкупното времетраење на проектот да биде 22 месеци, но веќе е најавена можноста и потребата од негово продолжување со цел планираните активности во целост да бидат реализирани. Пресек на проектните активности на општина Неготино и ЈП Комуналец направи проектниот менаџер на општина Неготино Лолита Ристова, додека проектниот менаџер на општина Алмопија Никос Цимас ги презентираше проектните активности на водечкиот партнер општина Алмопија и тамошното комунално претпријатие. Свои обраќања на информативниот ден имаа Влатко Трпески и Сашко Јорданов од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Љупка Димоска Зајков од секторот води. Активностите продолжуваат и во текот на утрешниот ден. |
Read more...
|
There are no translations available.
Почитувани, ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на двата информативни дена наменети за носители на одлуки на тема „Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на загадувањето на отпадните води“ кои ќе се одржат на 2ри и 3ти октомври 2019, со почеток во 10:30 ч. во хотел Памела, општина Неготино. Регистрацијата на учесниците ќе започне во 10:00 ч. Првиот инфо ден ќе биде отворен од страна на Градоначалникот на општината г – н Тони Делков и одговорните лица на проектот за општина Неготино и за општина Алмопиа, Грција. Понатаму, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе је презентираат законската основа и моменталната состојба во државата од аспект на заштита на биодиверзитетот и управување со водите и отпадните води, а денот ќе се затвори со претставување на човековото влијание врз загадувањето на водите. Вториот инфо ден ќе биде отворен со презентација за значењето на пречистителните станици за секој град со проследување на видео од изградбата на постојните пречистителни станици во државата. Понатаму ќе бидат презентирани податоци за квалитетот на водите во државата и податоци од извршениот мониторинг на каналот за наводнување во Неготино и Тимјаничка (Неготинска ) Река. Вториот инфо ден ќе се затвори со посета на текот на реката со осврт на изведбата на колекторот и водоводната мрежа, испустите од канализација и сл. Со цел подобра организација Ве молиме потврдете го Вашето присуство на 078-344-904 или на
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
најдоцна до 11:00 часот на 01 октомври 2019 година. Информативните денови се одржуваат во рамките на проектот ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella). Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е Партнер 2, Партнер 3 е Општинското Претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4 е ЈП ,,Комуналец“, Неготино. Со надеж дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе присуствувате на информативните денови, останувам со почит, Градоначалник, Тони Делков
|
There are no translations available. a5a_cancnotice_en |
There are no translations available. 05-387 a5b_corrigcontractnotice_en |
|
|
|
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
|
Page 5 of 10 |