ул. Партизанска 146
1440, Неготино
Р. Македонија
email:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
043/361-900
Историјат:
О.У. ,,Страшо Пинџур“ – Неготино е едно од поразвиените училишта во градот.
Изградбата на училишната зграда на О.У.”Страшо Пинџур” – Неготино, отпочнала во почетокот на 1933год. а била завршена до средината на 1937 год. Зградата била направена со доброволен прилог на парични средства.
Во почетокот на 1937/38 учебна година училиштето за прв пат отпочнало со работа, но без име. Во 1941 год. училиштето добило име “Александар Станоев”. Овој некогашен учител е роден во Неготино, каде и малку време учителствувал. По ослободувањето на Македонија во учебната 1945/46 год. името на училиштето се променува од “Александар Станоев” на “Страшо Пинџур”, кој бил најистакнат револуционер и комунист во Тиквешијата, па и во нашата република.
Во учебната 1946/47 год. по желба на граѓанството во денешната зграда се отворила гимназија со IV и V клас. Во истите простории на зградата наставата се одвивала во две смени: Прва од I – VII одд. (тогаш трети клас), а другата смена учениците од IV и V клас.
За прв раководител на гимназијата бил назначен Круме Кепески – професор, а за раководител на седумгодишното училиште учителот Иван Иванов. Само една учебна година покасно (1948 год.) двете училишта се фузираат како неполна гимназија со заедничко име “Страшо Пинџур”.