Се известуваат сите правни и физички лица дека се организира Јавна презентација и Јавна анкета по следните планови:
1. Нацрт - Детален Урбанистички план за Урбана заедница 9 Блок 3 Неготино тех.број 06/13-у од јули 2013 год. изработен од Друштво за проекторање,ревизија и надзор,ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје,за плански период 2013-2018. Опфатот на планот е од 2.77 ха. 2. Нацрт - Детален Урбанистички план за Урбана заедница 3 Блок 2 Неготино тех број 2849 од Јуни 2013 год. изработен од ,,Дизајн Центар Инжинеринг,, Трајче дооел Кавадарци со плански период од 2013-2018. Опфатот на планот е од 1.97 ха. 3. Нацрт - Детален Урбанистички план за Урбана заедница 5 Блок 3 Неготино тех број 2851 од Јуни 2013 год. изработен од ,,Дизајн Центар Инжинеринг,, Трајче дооел Кавадарци со плански период 2013-2018. Опфатот на планот е од 3.3 ха . 4. Нацрт - Детален Урбанистички план за Урбана заедница 2 во Неготино тех број 2843 од јули 2013 год. изработен од ,,Дизајн Центар Инжинеринг,, Трајче дооел Кавадарци со плански период 2013-2018. Опфатот на планот е од 21ха . Јавната презентација ќе се организира во големата сала на Општина Неготино во Неготино на ден 27.08.2013 година со почеток во 13 часот.
Јавната анкета ќе трае 15 работни дена сметано од денот на објавувањето на соопштението во јавните гласила. Заинтересираните граѓани и правни лица од подрачјата опфатени со Деталните урбанистички планови како и државните органи и други институции своите забелешки,предлози и мислења можат да ги достават писмено на анкетни листови. Анкетните листови може да се подигнат и да се достават во архивата на Оделението за урбанизам и заштита на животната средина. Нацрт - Детален Урбанистички план за Урбана заедница 5 Блок 3 Неготино Нацрт - Детален Урбанистички план за Урбана заедница 9 Блок 3 Неготино Нацрт - Детален Урбанистички план за Урбана заедница 2 во Неготино Нацрт - Детален Урбанистички план за Урбана заедница 3 Блок 2 Неготино |