Врз основа на член 65 став 6 од Законот за животна средина (``Службен весник на РМ``бр.53/05, бр.81/05, бр.24/07, бр.159/08 ,83/09, 48/10, 124/10 ,51/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на општина Неготино донесе
О Д Л У К А За спроведување на стратегиска оцена
Член 1 За планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна КО Неготино, Општина Неготино , кој го донесува Општина Неготино потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. Член 2 Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна ,КО Неготино Општина Неготино се определуваат следните: Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Неготино. Член 3 За планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна ,КО Неготино Општина Неготино , за чија изработка е одговорено позитивно од страна на Министерството за животна средина, просторно планирање и води, а за усвојувањето на истиот е надлежна општина Неготино, се утврдува дека донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина. Член 4 Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти :влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание врз пределот, влијание врз биодиверзитетот, влијание во однос на генерирањето на отпадот.
Член 5 Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена да се објави на веб страницата на општина Неготино на следната адреса /: www.negotino.gov.mk Член 6 Против ова Одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина, просторно планирање и води во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната. |