There are no translations available.
Врз основа на член 29 став 4 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:
Ј А В Е Н П О В И К за организирање на јавна презентација и јавна анкета за предлог-УПВНМ за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477, м.в. Дубровско, КО Дуброво, општина Неготино
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за предлог-УПВНМ за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477, м.в. Дубровско, КО Дуброво, општина Неготино.
Граници на опфатот сe: • на исток границата на опфатот граничи со КП 264/5; • на југо-исток границата на опфатот граничи со КП 331; • на север границата на планскиот опфат граничи со КП 13; • на југо-запад со КП 321, КП 310, КП 294 и дел од КП 302 и дел од КП 314; • на западната страна, опфатот граничи со КП 264/6, КП 264/1, КП 290/2, КП 288/3 и КП 288/2 Опфатот е со површина од 10,39 ха.
Јавната анкета
Јавната анкета за предлог-УПВНМ за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477, м.в. Дубровско, КО Дуброво, општина Неготино со тех. бр. 0801-787/21 од април, 2022 год, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам. Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) денови и тоа од 11.05.2022 година до 09.06.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 19.05.2022 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино. UPVNM_Dubrovo_02_04-2022 .pdf
|
|
There are no translations available.
Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1484/1, КО Пепелиште, општина Неготино
Граници на проектниот опфат се: - на север – КП 1483, КО Пепелиште - на исток – КП 1484/2, КО Пепелиште - на југ – КП 1485/1, КО Пепелиште - на запад – полски пат
Опфатот е со површина од 1,3724 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 12.04.2022 до 26.04.2022 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови. Анкетен лист УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА Е1.13 - ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (ФОТОВОЛТАИЧНИ ПЛАНТАЖИ), НА КП 1484/1, КО ПЕПЕЛИШТЕ, ОПШТИНА НЕГОТИНО |
There are no translations available.
Врз основа на член 45 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020), Општина Неготино објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за избор на изработувач на Стручна ревизија на Детален урбанистички план
Општина Неготино објавува јавен повик за изработување на: 1.Стручна ревизија на Детален урбанистички план за Урбана единица 5 дел од Блок 17, помеѓу улиците Фемо Кулаков, 8 Ноември и Владо Арсов Шпанац, општина Неготино.
1.Податоци за проектниот опфат:
Предмет на изработка: 1. Стручна ревизија на Детален урбанистички план заУрбана единица 5 дел од Блок 17, помеѓу улиците Фемо Кулаков, 8 Ноември и Владо Арсов Шпанац, општина Неготино. Површина на проектен опфат: 4,00ха Место: КО Неготино
Планскиот опфат на деталниот урбанистички план е помеѓу улиците Фемо Кулаков, 8 Ноември и Владо Арсов Шпанац, општина Неготино.
Започнување на работите: веднаш по добивање на налог од општината за изработка на Стручната ревизија на детален урбанистички план. Стручната ревизија на деталниот урбанистички план да се изработи согласно Законот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) и Правилникот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 225/2020 и 219/21 );
2.Период на изработка на Стручна ревизија на деталниот урбанистички план: -15 дена за изработка на стручната ревизија по добивање на барање; -5 дена за изработка на стручната ревизија по доставување на корегиран детален урбанистички план.
3.Потребна документација за докажување и исполнување на критериуми: На јавниот повик можат да се пријават правни лица со извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење на стручна ревизија согласно Закон за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) или важечка лиценца за изработување на ревизија за урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, .........168/18). За докажување на овој услов се доставува Копија од извод од регистарот на правни лица кои ги усполнуваат условите за вршење на стручна ревизија согласно Закон за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) или копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, .........168/18).
Документација за докажување и исполнување на критериуми: 3.1 Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка односно треба да достави Документ за регистрирана дејност - образец ДРД или потврда за регистрирана дејност.
3.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на набавка односно правното лице да има важечка лиценца за изработување на стручна ревизија на урбанистички планови согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, .........168/18) или извод од регистарот на правни лица кои ги усполнуваат условите за вршење на стручна ревизија, согласно Законот за урбанистичко планирање(Сл.Весник на РСМ бр. 32/20).
4. Рок и начин за доставување н понудата : Понудите да се достават најдоцна до 15.04.2022г (петок) до 14,00 часот преку архивата на Општина Неготино, во жолт плик со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“ и „ за ЈАВЕН ПОВИК бр.05-257/3
5.Датум, време и место на отворање на понудите: 18.04.2022 год, во 12,30 часот, во просториите на Општина Неготино (сала на советот на Општина Неготино).
6. Критериуми за доделување на договор на јавниот повик; 6.1. кадровска и техничка опременост на правното лице -да има вработено најмалку 3(три) дипломирани инженери архитекти - урбанисти на неопределено време со овластување или потврда за изработка на стручна ревизија на урбанистички планови (листа на вработени од надлежен орган не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања или потврди); -да достави листа за техника опременост;
6.2. Референтна листа за извршени работи : - референтна листа за извршени работи за ист или сличен предмет на работи од последните 3 години;
6.3 Претходни позитивни стручни референци од подрачјето на планскиот опфат што е предмет на јавниот повик. -најмалку 3 (три) стручни референци за извршени исти или слични работи во последните 3 години од подрачјето на планскиот опфат што е предмет на јавниот повик.
6.4 Понудена организација и методологија на изработка на работите; -динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива;
6.5 Финансиска солвентност -да остварил позитивен финансиски резултат за последните 2 години со доставување на извештај за биланс на успех или завршна сметка заверени од надлежен орган.;
6.6 Вредност на понудата да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021). Понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во предмерот од Прилог 1.
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудата не е деллива.
Начин на плаќање: Вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена. (50% по доставувањето на стручната ревизија на Нацрт-планот (по прв пат) и 50% по донесување на урбанистичкиот план).
Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.
Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:
- Цена на изработка на стручната ревизија на Деталниот урбанистички план. (10 бода); -број на вработени архитекти инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање. (30 бода; 6 бода од вработен); - Број на референци во последните 3 години. (30 бода; 3-10 референци-10 бода, од 10-20 референци -20 бода, повеќе од 20 референци 30 бода.); -рок за извршување на активностите. (30 бода; отстапки повеќе од 6 дена од наведените-10 бода, отстапки од 3-6 дена од наведените-20 бода, прифаќање на наведените рокови -30 бода );
Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на ДУП. При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.
За дополнителни информации, контакт лице: Снежана Цветкова тел.070 394-294 е-mail:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
.
Ред. Бр. Предмет на изработка ха цена без ддв цена со ддв 1 4,00 Стручна ревизија на Детален урбанистички план за Урбана единица 5 дел од Блок 17, помеѓу улиците Фемо Кулаков, 8 Ноември и Владо Арсов Шпанац, општина Неготино. |
|
|
|
More Articles...
-
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА 1, СО НАМЕНА Г2.1 - ЛЕСНА ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА, НА КП 3007/2, КО ТИМЈАНИК, СОГЛАСНО ОПШТ АКТ ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК, ОПШТИНА НЕГОТИНО (ОДЛУКА БР. 08-358/14 ОД 25.07.2019 ГОДИНА)
-
Ј А В Е Н П О В И К за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УЕ 6, дел од Блок 20 (помеѓу улиците Никола Карев, Ленинова и Климентова), КО Неготино, општина Неготино
-
УРБАНИСТИЧКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА УП ВИНСКИ ПОДРУМ по корекции
-
ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ СО КАПАЦИТЕТ ДО 10 MW, НА КП 264/4, ДЕЛ ОД КП 264/5 И ДЕЛ ОД КП 477, М.В. ДУБРОВСКО, КО ДУБРОВО, ОПШ
|
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
|
Page 4 of 20 |