Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е За свикување на триесеттата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 08.10.2021 година ( петок ) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог – Одлука за согласност за имплементирање на проектот,, Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој’’ со Aкроним ,,wine-up’’ за Општина Неготино
2. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежни парцели со намена А1- домување во куќи на ГП 72 од ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.2 и УЗ 7 дел УБ 7.3, Општина Неготино
3. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
|
Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 31 октомври, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се реализираат обука и гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. |
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното : Р Е Ш Е Н И Е За свикување на дваесет и деветтата вонредна седница на Советот на општина Неготино Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 24.09.2021 година ( петок ) во 14 часот . За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог - Одлука за усвојување на Извештајот за работа за учебната 2020/2021 година на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино 2. Предлог – Одлука за усвојуње на Програмата за работа за учебната 2021/2022 година на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино 3. Предлог- Решение за давање согласност на Тарифник на висината на надоместокот за користење на објектите за спорт во општина Неготино 4. Предлог- Решение за давање согласност на Одлука за висината на надоместокот за комунална такса 5. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација |
Со интензивирањето на градежните активности околу изградбата на новиот кружен тек во близина на зградата на ОВР Неготино, се јавува потреба од изменет режим на сообраќај во тој дел на градот. Имено, во деновите од петок 24.09 до недела 26.09. ќе се врши асфалтирање на кружниот тек и поради безбедно одвивање и на работите и на сообраќајот, се известуваат граѓаните дека овие 3 денови ќе има изменет режим на сообраќај односно тешките товарни возила кои ќе сообраќаат на патниот правец кон Кавадарци и обратно ќе бидат пренасочувани преку патниот правец Росоман – Кавадарци. Токму затоа, се замолуваат граѓаните за разбирање и почитување на режимот и поставените сообраќајни знаци. Со завршувањето на изградбата на новиот кружен тек ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот хаос на најфреквентната раскрсница во градот и ќе се создадат услови за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот. |
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков изразува најискрено сочуство до семејствата на загинатите во пожарот кој ја зафати модуларната болница во општина Тетово во која се лекуваа болни од КОВИД 19, а на сите повредени им посакува брзо закрепнување. |
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков донесе решение со кое се формираше Комисија за проценка на штети предизвикани од суша која ги зафати земјоделските култури во месеците јули/август 2021 година на територијата на општина Неготино. Се повикуваат сите граѓани кои имаат претрпено материјална штета од природна непогода суша, истата да ја пријават во деновите 09,10 и 13 септември во периодот од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Општина Неготино и со себе да носат лична карта и имотен лист. Комисијата ќе ја утврдува фактичката состојба на самото место и истата ќе состави записник за извршен увид на самото место. При утврдување на проценката на штетата, Комисијата ќе постапува согласно Единствената методологија за процена на штетите од елементарни и други непогоди и ќе изработи збирен извештај за проценетите штети на општина Неготино и ќе ги достави до Советот на општина Неготино.
|
Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11, 13/20 ), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува педесет и втората редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во Салата на општина Неготино на ден 31.08.2021 година (вторник) во 12,00 часот. За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог- Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдувањењ на штета од елементарна непогода прплетен мраз што ја зафати општина Неготино на ден 08.04.2021 година
2. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за работа на СОУ „Св. Кирил и Методиј„ за учебната 2020/2021 година
3. Предлог- Заклучок за усвојување на Програмата за работа на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино за учебнта 2021/2022 година
4. Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2021- 31.03.2021 година
5. Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2021- 30.06.2021 година |
Почитувани, Следејќи ја состојбата со пандемијата од КОВИД 19 во нашата општина, констатираме дека периодов бројот на новозаразени граѓани полека се зголемува. Фактот дека бројот на заболените се зголемува укажува на тоа дека мерките кои се пропишани од страна на надлежните институции во целост не се почитуваат. Затоа упатувам апел до сите граѓани,институции во општина Неготино максимално да ги почитуваме мерките и препораките, со што не би се довеле во ситуација да бројот на новозаразени двојно се зголеми. Почитувајте ги мерките бидејќи само така ќе успееме да го заштитиме од овој вирус.
|
Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11, 13/20 ), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува педесети првата редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во Салата на општина Неготино на ден 18.08.2021 година (среда ) во 12,00 часот. За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог – Oдлука за отстапување на управување и користење на објектот „Темјанушка“ на ЈОУДГ Фемо Кулаков Неготино 2. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука бр. 02-360/2 од 05.08.2021 година на УО на ЈП Комуналец Неготино 3. Предлог – Решение за давање на согласност на Измена на Годишен план за вработување за 2021 година на ЈОУДГ Фемо Кулаков Неготино 4. Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2022 година на општина Неготино 5. Предлог – Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2022 година на ЈОУДГ Фемо Кулаков Неготино 6. Предлог – Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2022 година на ЈП Комуналец Неготино 7. Предлог – Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2022 година на ОУ Музеј на град Неготино 8. Предлог- Решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ Фемо Кулаков Неготино 9. Предлог- Решение за давање на согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино 10. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишен извештај на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино за 2020- 2021 година 11. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино за 2021- 2022 година 12. Предлог- Заклушок за усвојување на Извештај за финансовото работење на ЈП Комуналец Неготино за периодот 01.01.2021- 30.06.2021 година 13. Предлог- Одлука за давање на согласност на ООУ „Гоце Делчев“ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
|
Почитувани, Со цел за заштита и спречување од шумски пожари на отворен простор, Ве известуваме дека во периодот од 03.08.2021 година во терминот од 00:00 до 24:00 часот е воведена целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно, до нејзино отповикување. За граѓаните од Општина Неготино, забраната за движење се однесува за шумските предели односно местата ( Горни Дисан, Вешје, Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Штипски рамнини, пределот околу Гоцевата шума и сл.). Забраната за движење важи за сите граѓани од општина Неготино освен за жителите кои живеат во овие места. Сите граѓани кои имаат земјоделски површини,одгледуваат стока или пчели ќе може да се движат во овие места само со дозвола издадена од ПСШ „ Демир Капија “ од Демир Капија. За непочитување на оваа забрана сите физички лица кои ќе се затекнат да се движат во шума и шумски предели, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.
|
|
|