There are no translations available. Градоначалникот на општина Неготино на ден 29.08.2012 година го објави следниот
ЈАВЕН ПОВИК
1. Општина Неготино во согласност со Програмата за активности во областа на социјалната заштита за 2012 година донесена од Советот на општината ќе отпочне со спроведување на проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини (Војшанци) преку вработување на 1 лице на определено време.
2. Се известуваат сите лица кои што се заинтересирани за учество во спроведувањето на горенаведениот проект и ги исполнуваат доленаведените критериуми најдоцна до 05.09.2012 година (среда) да достават пријава за заинтересираност со биографија (CV) до општина Неготино заедно со бараните документи како доказ за исполнување на критериумите.
3. За да можат да достават пријава за заинтересираност потребно е секое лице да ги исполнува следните критериуми: – Да е државјанин на Република Македонија; – Да има завршено VI или VII степен на образование, Педагошки факултет - предучилишна или одделенска насока;
4. Избор на пријавените лица ќе го спроведи комисија во рамките на општината. ОПШТИНА НЕГОТИНО |
There are no translations available. Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште “ , општина Неготино
Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот “ЕКОПЛАН-ДЕПО“ ДООЕЛ од Скопје со седиште на ул. “Христо Чернопеев” бр.2б во Скопје ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште “ во општина Неготино и истата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството со седиште на ул. "III Македонска бригада" бр.10а секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и во канцеларијата во општина Неготино. Заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата, во писмена форма, до одговорните лица за контакт, назначени од Инвеститорот и од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште“, општина Неготино ќе се одржи на 10.08.2012 година (петок) во Големата сала за состаноци во зградата на општина Неготино со почеток во часот 12 часот.
Контакт лица: Маријан Михајлов – експерт “МАНЕКО СОЛУШНС“ ДЕК од Скопје тел: 02 6142 209, 076 298 297, е -маил:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
|
There are no translations available.
О Б Ј А В А
Се објавува дека сите заинтересирани превозници кои вршат јавен линиски превоз на патници на територијата на општина Неготино, можат да достават понуда до надлежниот орган при општина Неготино за добивање на линии за вршење на општински линиски превоз на патници. Право на доставување имаат сите правни и физички лица регистрирани за вршење на ваков вид на превоз.
Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови: |
Read more...
|
There are no translations available. Соопштение до јавноста Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека е доставен Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на Урбанистички план за село Криволак Општина Неготино со тех број 132-05/12 од 08-05-2012 год. Скопје која е достапна за увид од 06.07.2012 год. до 06.08.2012 година во просториите на општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов“ бр 2 секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.
По увидот, заитересираните граѓани невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино до 06.08.2012 година.
Во Општина Неготино може да го најдете Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на Урбанистички план за село Криволак Општина Неготино со тех број 132-05/12 од 08-05-2012 год. Скопје
На 24.07.2012 година ќе се одржи јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во просториите на Општина Неготино во 13 часот.
Контакт лице: Лилјана Нечева Oпштина Неготино Ул. "Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино Tel. 043/361 045 Лок. 028
|
There are no translations available.
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНАТА ДЕКА СО ЦЕЛ ЗА ПОБЕЗБЕДНО ОДВИВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ, ВО ДЕНОВИТЕ ОД 07 ДО 10 ОВОЈ МЕСЕЦ – САБОТА, НЕДЕЛА, ПОНЕДЕЛНИК, ВТОРНИК И СРЕДА, ВО НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ВО ВРЕМЕТО ОД 23 ДО 05 ЧАСОТ НАУТРО, НА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВААТ РАБОТИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНА И ВЕРТИКАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА. СО ОВАА АКТИВНОСТ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ УЛИЦИТЕ – МАРШАЛ ТИТО, ПАРТИЗАНСКА, БОРИС КИДРИЧ, АЦО АЏИ ИЛОВ, ЈАНЕ САНДАНСКИ, ПЕКАРЕВ, СТАВРЕ СТАВРЕВ И ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ ДАМЕ ГРУЕВ И ЛЕНИНОВА. ВО ПЕРИОДОТ НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ СООБРАЌАЈОТ ЌЕ БИДЕ РЕГУЛИРАН ОД СТРАНА НА ПРИПАДНИЦИ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА НЕГОТИНО. ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА АПЕЛИРААТ ДО ГРАЃАНИТЕ ВО ДЕНОВИТЕ НА ИЗВЕДУВАЊЕТО НА РАБОТИТЕ ДА ГО СВЕДАТ НА МИНИМУМ ДВИЖЕЊЕТО СО МОТОРНИ ВОЗИЛА, ОДНОСНО СОПСТВЕНИЦИТЕ НАВРЕМЕНО ДА ГИ ОТСТРАНАТ ВОЗИЛАТА ОД УЛИЦИТЕ, КАКО БИ МОЖЕЛО РАБОТИТЕ ДА СЕ ОДВИВААТ НЕПРЕЧЕНО. |
There are no translations available. Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 8118/1-16 КО Неготино Неготино во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 8118/1-16 КО Неготино Неготино во Општина Неготино тех број 25/2012 од јуни 2012 год. изработен од ,,ИНТЕР ИНВЕСТ ИНГ,, доо Скопје, е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 29-06 -2012 год.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 06 - 07-2012 до 11-07 -2012 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 11-07-2012 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.
|
There are no translations available. Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт- Урбанистички план за село Војшанци опфат 1 во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт- Урбанистички план за село Војшанци опфат 1 во Општина Неготино тех број 09/11 од фебруари 2012 год. изработен од Снегер Компани дооел Охрид е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 29-06 -2012 год.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Месната заедница Војшанци во с. Војшанци Општина Неготино, 15 работни дена од 05-07-2012 до 25-07-2012 год. секој работен ден од 08до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 12-07-2012 год.во просториите на месната заедница на село Војшанци во 13 часот.
|
There are no translations available.
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 9533 КО Неготино Неготино во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 9533 КО Неготино Неготино во Општина Неготино тех број 17/2012 од април 2012 год. изработен од ,,ИНТЕР ИНВЕСТ ИНГ,, доо Скопје. Нацрт- Детален Урбанистички план за една парцела кп 9533 КО Неготино Неготино во Општина Неготино со тех број 17/2012 од април 2012 год. изработен од ,,ИНТЕР ИНВЕСТ ИНГ,, доо Скопје е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 29-06 -2012 год.
Нацртот на планот со графичкиот прилог ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 05-07-2012 до 11-07-2012 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 11-07-2012 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.
|
There are no translations available.
Општина Неготино , врз основа на Програмата за волонтирање за 2012 , има потреба од ангажирање на волонтери во Општина Неготино, поради што објавува :
ЈАВЕН ПОВИК за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Неготино
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати - дипломирани економисти , дипломирани правници, дипломирани градежни инженери, дипломирани на јавна администрација и кандидати со завршено средно образование да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Општина Неготино и тоа :
|
Read more...
|
There are no translations available.
Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на дизел гориво Еуродизел БС од стоковите резерви на Општина Неготино бр.51-7393/1 од 28 декември 2011 година и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2012 година, Општина Неготино објавува Ј А В Е Н П О В И К
1. Предмет на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за чистење на речни корита согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на дизел гориво Еуродизел БС од стоковите резерви на Општина Неготино бр.51-7393/1 од 28 декември 2011 година и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2012 година. 2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои поседуваат градежна механизација и имаат интерес да се вклучат во Акцијата за чистење на речни корита да поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила со краен рок на достава на ден 22.06.2012 (петок) во архивата на Општина Неготино. Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав : 1.Зоран Лазов 2.Александар Јованов 3.Ѓоке Темелков Со правните лица ќе биде склучен Договор за нивно ангажирање |
|
|