
ВТОРА ПРОЕКТНА КООРДИНАТИВНА СРЕДБА
Место: Неготино, Простории на општина Неготино
Дата: 02.02.2016 Февруари (16:45-19:30)
Дата: 03.02.2016 Февруари (09:45-14:00)
Во рамките на програмата “Грција-Поранешната Југословенска Република Македонија ИПА прекугранична соработка 2007-2013” и проектот со наслов “Поддршка и развој на eкономијата на пчелни производи во прекуграничната област” со акроним “БЕЕ-КОНОМИ”, втората проектна средба меѓу двата проектни партнера (општина Неготино и општина Алмопиа) ќе се одржи на 02.02.2016 и 03.02.2016 Февруари во просториите на општината Неготино.
Финансискиот водечки партнер ( ФЛП1), општина Неготино, Ве поканува да присуствувате на средбата. Работен јазик ќе биде aнглискиот. Работните материјали ќе бидат на англиски и ќе биде обезбеден превод на јазикот на проектниот партнер( општина Неготино) и англиски.
|
Повеќе...
|
Project,,Support and development of the Bee-Products' Economy in the cross-border area,, 2nd (SECOND) PROJECT MEETING Place: Negotino, Premises of the Municipality of Negotino Date:02.02.2016 ,Tuesday (16:45-19:30) Date:03.02.2016 ,Wednesday (09:45-14:00), Within the framework of the “Greece - The Former Yugoslav Republic of Macedonia IPA Cross-Border Programme 2007-2013” and the project entitled “Support and development of the Bee-Products' Economy in the cross border area” with the acronym “BEE-CONOMY”, the second project coordination meeting between the two project partners (Municipality of Negotino and Municipality of Almopia) will be held on 02.02.2016 and 03.02.2016, at the premises of the Municipality of Negotino . |
Повеќе...
|
Во рамките на Проектот општинско корисна работа ,,Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино,,во месец ноември 2015 се одржа третата работилница со родители од планираните 3 во 7те рурални игрални.Со ова сите три планирани работилници се реализираа во планираниот рок.Во присуство на околу 70 родители беа обработени темите ,,Детскиот развој и злоупотроба ,, кои се спроведоа во игралните во Тимјаник, Тремник,Пепелиште, Војшанци и Криволак,додека темата ,,Дисциплина,, се спроведе во Долни Дисан и во Црвени Брегови.И оваа работилница предизвика голем интерес и посетеност на околу 70 родители на децата. |
Повеќе...
|
 Од месец јуни до месец ноември 2015 по 4ти пат општина Неготино со поддршка на УНДП, АВРМ и МТСП го спроведува проектот Општинско корисна работа .Покрај 7 асистенти на воспитувачи во 7 рурални игрални за деца, со проектот овој пат е опфатен и Центарот за стари лица во с.Тимјаник, каде што исто така за ангажманот на лицето кое работи во Центарот поддршката е обезбедена преку овој проект.Дополнителна платена обука преку УНДП ќе биде обезбедена за ова лица во периодот октомври-декември во учество во обука за негователи за стари лица , по што лицето ќе се стекне и со соодветен сертификат заради натамошна полесна вработливост на пазарот на трудот. Во 7те игрални за деца во месец октомври се одржа втората работилница со родители од планираните 3 и тоа на тема,,Дисциплина,, и ,,Препознавање на семејно насилство,,при што се покажан голем интерес и присуство од страна на родителите на децата. |
Повеќе...
|
Приватни сместувачки објекти документи : Барање за категоризација Барање за упис во регистар Процедура категоризација - општина Неготино СМЕСТУВАЧКИ ОБЈЕКТИ: Адреса :„Ацо Аџи Илов“ бр.1 Неготино (Строг центар на град Неготино) Тел. 075/455-085 или 075/240-442 Е-маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Одговорно лице за контакт : Радица Прематарова Приватен сместувачки објект Вила „Радица“ објект од 1(прва) категорија со 2 (две ѕвездички). Располага со 5 (пет) соби каде секоја соба има по 2 лежаи.Секоја соба има сопствена бања,интернет,ТВ со кабловска и заедничка чајна кујна за сите соби.Не се дозволени миленици и нема паркинг простор. Цена на ноќевање по особа/ден : 800-1000 ден. За додатен лежај во соба: +50% од цената од особа/ден Адреса: ул.„11-ти Октомври“ бр.82 Неготино (Индустриска зона Неготино) Тел: 070/770-771 Одговорно лице за контакт: Тони Димов Приватен сместувачки објект Куќа „Ластрада“ објект од 1(прва) категорија со 2 (две ѕвездички). Располага со 3 (три) соби каде секоја соба има по 2 лежаи.Секоја соба има сопствена бања,интернет,ТВ со кабловска, ,од кој едната соба располага и со сопствена кујна .Заедничко за сите соби е: Обезбеден паркинг простор за гостите на куќа „Ластрада“ ,заедничка чајна кујна за сите соби и тераса за одмор и релаксација. Не се дозволени миленици. Цена на ноќевање по особа/ден : 700-1000 ден. За додатен лежај во соба: не е предвидено / |
|
|