Во рамките на манифестацијата "Топол културен бран 2010", во организација на Министерството за култура, општина Неготино и Националната установа Центар за култура "Ацо Ѓорчев" од Неготино, во Петок 20 август во Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" гостува преставата "Гола до пола" во изведба на театарот "Крик" од Скопје. Одлична можност за љубителите на театарската уметност да поминат пријатни моменти со оваа урнебесна комедија. Почетокот е во 20 часот. |
Активности и настани за 2010
Локалната установа Библиотека “Страшо Пинџур” е културна установа која покрај својата основна дејност за набавка, чување и изнајмување на литературни изданија (книги, лектири, белетристика и други книжевни дела), во рамките на својот делокруг на работа организира и други културни настани како на пример: литературни читања, промоции и изложби на книги и книжевни изданија, распишува литературни конкурси на различни теми, организира други литературни настани со натпреварувачки карактер, итн. |
Повеќе...
|