Културна Програма
Две урнебесни комедии по повод Денот на театарот - 27 март PDF Печати

   Во организација на Општина Неготино
Две урнебесни комедии по повод Денот на театарот - 27 март

Во рамките на програмата за култура на општина Неготино, а по повод Денот на театарот 27 март, оваа година општината во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” организира две театарски претстави. Првата претстава во изведба на аматерскиот театар при домот на културата “Mирка Гинова” од Демир Капија носи наслов “Не шетај гола”, додека втората во изведба на Народниот театар од Штип е со наслов “Кара Дончо”.
Претставата “Не шетај гола” во изведба на аматерсскиот тетар “Мирка Гинова” од Демир Капија е урнебесна комедија во која се вклучени необични заплети, што создаваат феноменални услови за интерпретација на текстот напишан од Жорж Фејдо. Се работи за претстава со комичен урнебес во кој играат седумина актери. Претставта ќе биде прикажана на 27 март со почеток од 19.00 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”.
Од друга страна претставата „Кара Дончо“ во изведба на Штипскиот народен театар е инспирирана од нашето минато и од актуелниот општествен и социјален живот кај нас, овде и сега. Текстот е инспириран од настани и личности од античко време силно испреплетени со денешнината, а препознавањето на ликовите од поблиската историја и сегашноста е сосема случајно.

Повеќе...
 
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА “ГЕНЕРАЛНА ПРОБА ЗА САМОУБИСТВО” PDF Печати
   Во рамките на четвртото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура, на 31 август (среда) со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино, ќе гостува велешкиот народен театар “Јордан Хаџи Константинов Џинот” со комедијата “Генерална проба за самоубиство”. Ова е одлична можност за љубителите на културата и театарската уметност од општината да проследат уште еден квалитетен културен настан. Влезот за претставата е бесплатен.
 Општина Неготино е една од дваесетте општини во државата во која што се реализира манифестацијата “Топол културен бран 2011”. Како дел од истата, претходно, на 29 јули љубителите на културата од општина Неготино имаа можност да го проследат концертот на Драган Даутовски Квартет.
 
КОНЦЕРТ НА ДРАГАН ДАУТОВСКИ КВАРТЕТ PDF Печати
     Во рамките на четвртото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура, на 29 јули со почеток од 21.00 часот на градскиот плоштад во Неготино концерт ќе одржи Драган Даутовски квартет. Општина Неготино ќе биде една од дваесетте општини во државата во која што ќе се одржи оваа манифестација. Како дел од истата, на 31 август со почеток од 20.30 часот, љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да проследат уште еден одличен настан, односно театарската претстава “Генерална проба за самоубиство” во изведба на велешкиот народен театар “Јордан Хаџи Константинов Џинот”.
 
„ АВАТАР “ 27 Август 2010 (Петок) PDF Печати
   Манифестацијата "Топол културен бран" ќе финишира оваа недела со проекцијата на светскиот филмски хит "Аватар". По одличните настани кои се случија ова лето, концертот на "Skopje  Ladies Orchestra", Фолклорната вечер и Театарската претстава "Гола до пола", ова е уште една можнот за љубителите на културата да уживаат во оваа несекојдневна проекција на големото платно. Петок, 27 август 20 часот. Влез слободен.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 9 од 11
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 24 гости присутни