Во врска со ОТВОРЕНИOT ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ за ОБУКИ ЗА ПЧЕЛАРСТВО ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО за сите кои се заинтерсирани да учествуваат во обуки за пчелaрство ( училиште за пчелари) што ќе се имплементира во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област “Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата Грција-Македонија а кој беше објавен на веб страната на општината и на други видни места за периодот 11.07.2016-22.07.2016 ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ОПШТИНА НЕГОТИНО ГО ПРОДЛОЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ И ЗА ДВАТА КУРСА ДО 01.08.2016( ПОНЕДЕЛНИК) до 16.00 часот. Истовремено Ве информираме дека останатите елементи на ПОВИКОТ остануваат исти и се дадени во продолжение , освен промените на датумите согласно продолжениот рок за пријавување:
Обуките ќе се спроведуваат во соработка со О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје и ќе опфатат: 1. Првиот циклус на обуки е наменет за 25 учесници од постојните пчелари во општина Неготино .Обуките за постојните пчелари ќе опфатат постапки за максимизирање на производството на мед, производство на други методи и користење на другите пчелни продукти за зголемување на вредноста на медот. Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месец август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска. 2. Вториот циклус на обуки е наменет за 25 учесници кои се заинтересирани да започнат со одгледување на пчели и производство на пчелни продукти. Обуките за новите пчелари ќе опфатат почетно запознавање со основните елементи во процесот на одгледување на пчелите, запознавање со неопходната опрема за пчеларство и неопходните постапки за одгледување на пчели. Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците јули и август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска Апликантите за двата циклуса треба да се пријават на следниов начин: За првиот циклус на обуки Анекс 1а-Апликација за обука на постојни пчелари. Во прилог на апликацијата за обуките за постојни пчелари се доставува доказ од ПЕ на МЗШВ Неготино ( Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС )дека апликантот е регистриран пчелар во Неготино или ДРД образец доколку апликантот доаѓа од правно лице кое е производител на пчелни производи За вториот циклус на обуки Анекс 1б-Апликација за обука на нови пчелари - За обуките за нови пчелари доказ дека апликантот е невработен издаден од ЦВ АВРМ Неготино(доколку во апликацијата се декларира како невработен) и - Доказ дека е примател на било каков вид социјална помош (доколку во апликацијата е наведено дека е примател на социјална помош). - Потребно е да се достави и доказ-имотен лист за просторот каде би можело да бидат поставени 5 сандака за одгледување на пчели за следните 5 години. Просторот може да биде во сопственост на апликантот или на член од негово потесно семејство или пак да има договор за закуп на просторот. - Апликантот треба да пополни, потпише и достави Изјава ( Анекс 6) дека ќе потпише Договор со општина Неготино за добивање на опрема за одгледување на пчели, која ќе остане во сопственост на Апликантот и ќе биде лоцирана на предложените локации во следните минимум 5 години. Сите заинтересирани кандидати може да подигнат апликации од општина Неготино достапни во проектната канцеларија за локален економски развој на 3 спрат или дирекно од веб страната на општина Неготино. Отворениот повик e продолжен до 01.08.2016 до 16.00 часот. Краен датум за поднесување на апликациите и пропратната документација и за двата циклуса е 01.08.2016( понеделник) до 16.00 часот часот.Апликациите се поднесуваат во општина Неготино во проектната канцеларија за локален економски развој на 3 спрат секој ден од 08:00-16:00 часот . Процесот на селекција е поделен на две фази. Првата фаза е проверка на административната усогласеност на апликантот со административните критериуми, а втората фаза е квантитативна оценка на апликантот.Времето на доставување на апликациите може да биде земено исто така во предвид. Селекцијата на учесниците ќе се врши од страна на Комисија за селекција. Комисијата е составена од 5 члена: Претседател, секретар и тројца оценувачи.Секој апликант ќе биде оценуван од 1 оценувач. Процесот на оценување, селекција и избор на кандидатите ќе се врши во период од 03.08.-05.08.2016, по што ќе следува информирање на селектираните кандидати и за двата циклуса. Важни напомени: • Обуките за двата циклуса се бесплатни. • Секој учесник ќе добие бесплатни едукативни материјали за обуките и сертификат за учество на крајот од обуките • За време на обуките потребно е редовно присуство на кандидатите за што ќе биде водена редовна евиденција од стана на обучувачите • Обуките ќе се спроведуваат во простор обезбеден од општина Неготино • За време на теренските посети и практичните часови во општина Неготино превозот е обврска на самите кандидати. За сите теренски посети надвор од општина Неготино транспортните трошоци ќе бидат покриени од страна на проектот. • Во случај на повеќе од 25 апликанти за секој циклус од обуките , кои ги исполнуваат административни услови може да биде спроведено и јавно извлекување . • Невработените не го губат статусот на невработени со учеството во обуките • Апликациите се примаат во општина Неготино до 01.08.2016 до 16.00 часот. • Сите апликации пристигнати по наведениот термин ќе бидат одбиени • Точен распоред и времетраење на обуките ќе биде дополнително објавен до сите избрани кандидати . • Во рамките на проектот, од страна на ангажираните консултанти ќе бидат спроведени едукација ,консултации, менторирање, ќе бидат спроведени 3 ревизии на постојни претпријатија и ќе бидат изработени 3 бизнис планови . • Во рамките на проект, по завршување на обуките за пчелари почетници, лицата кои ќе поминат обуки за почетници и ќе добијат опрема, ќе имаат обврска да се регистрират како индивидуалец или претпријатие за производство на мед и други пчелни производи
Дополнителни Информации Општина Неготино Проектна канцеларија Одделение за локален економски развој( 3 спрат) Телефон: 043-361-045 лок.123 E-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|