- Водоснабдувањето на градот Неготино се врши од изворот “Лукар”, од кој се снабдува и градот Кавадарци.
- Водоводниот систем е составен од следните објекти:
- Резервоар за ниска зона
- Резервоар за висока зона
- Водоводна мрежа за ниска зона
- Водоводна мрежа за висока зона
- Подземни против пожарни хидранти за обезбедување на објектите од пожар
- Преку градската водоводна мрежа се снабдуваат градското население и индустријата, која се наоѓа во градот.
- Должина на главни цевоводи 28750 м’, од кои 18000м’ цевки од ПВЦ и 10750 м’ челични цевки
- Должина на разводна мрежа во градот 32226 м’, од кои 13397 м’ цевки изработени од ПВЦ, 14917 м’ цевки од салонит и 3912 м’ челични цевки.
- Разводните мрежи за руралните населби во системот се изработени од салонитни цевки (азбест цементни) и се во должина од 8500 м’.
- Селата Криволак (преку зимскиот период), Тимјаник и Дуброво се снабдуваат со вода од централниот водоводен систем “Лукар”.
- Индустријата која се наоѓа во општината претежно се снабдуваат од сопствени бунари или комбинирано од сопствени бунари и водоводниот систем.
- Селото Тремник за снабдување со вода има два зафата. Едниот зафаќа изворска вода, а другиот зафат е од бетонски бунар лоцирана во дворот на ТЕЦ Неготино.
- Селото Курија сопствен водоводен систем без дезинфекција на водата.
- Селото Пепелишта се снабдува со вода од бунари кои немаат заштитни зони.
- Селата Долни Дисан, Вешје и Горни Дисан се снабдуваат од заеднички локален водовод без определени заштитни зони.
- Село Војшанци се снабдува директнопреку природни извори и од бунари без никаков третман на водата.
- Селото Црвени Брегови се снабдува од водовод на живинарската фарма.
- Максималниот проток на вода во системот “Лукар” изнесува 105л/сек, додека во сушни години 60 л/сек.
- Среднодневната потрошувачка на вода изнесува 47,0 - 48,0 л/сек, а на годишно ниво изнесува 15000000 м3.
- Вкупната должина на доводната мрежа изнесува 45000 м’ и цевките се изработени од челик, ПВЦ и азбест-цемент.
- Загубите на вода во мрежата се 50%.
- За наводнување на зелените површини во градотсе користат водите од ХМС “Тиквешко Поле”
- За наводнување на земјоделските обработливи површини се користат системите “Неготино 1 и 2” (површина 2583 ха, се наводнуваат 1399 ха), “Горна Зона Марена” (површина 950 ха, се наводнуваат 789 ха) и “Пепелишта” (површина 938 ха, се наводнуваат 220 ха).
- Загубите на вода во системите за наводнување изнесува до 30%.
- Со фекален канализационен систем за прифаќање и одведување на отпадните води 100% покриен е градот Неготино и населбите Тимјаник и Криволак.
- Испуштање на фекалните и отпадните води се врши во Неготинска река без никакво прочистување.
- Вкупната должина на канализационата мрежа во Неготино изнесува 45000 метри.
- Територијата на градот во однос на прифат и одведување на атмосферските врнежи е делумно покриено преку мрежа за прифат и одведување на атмосферските води.
- Вкупната должнина на атмосферската канализација изнесува 20000м’
|