КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеГФК “Неготино” - Неготино |
ГФК “Неготино” е формиран на 29 август 2003 година по иницијатива на група граѓани, спортски работници и поранешни истакнати фудбалери од Неготино. Прв претседател на клубот е Зоран Недев, дипломиран професор по физичко воспитание, кој во исто време е и прв тренер на екипата. Членови на првата управа на клубот се: Димитрија Гиновски – Потпретседател на клубот Орце Најдов – Директор на клубот, спортски работник и фудбалер кој има настапувано во дресот на ФК “Вардар” од Скопје, кога овој клуб се натпреварува во најдобрата лига на поранешна Југославија, Диме Димов (Џуџето) – Секретар, поранешен фудбалер на ФК Вардар од Неготино и истакнат фудбалски судија. ГФК Неготино е клуб кој се натпреварува само во лигите за пионери, кадети и младинци во организација на Фудбалската Федерација на Македонија, односно нема сениорска екипа. Спортската политика на клубот е младите фудбалери по наполнувањето на 18 години и истекот на правото за настап во младинските конкуренции да бидат префрлани во сениорскиот тим на ФК “Вардар” – Неготино. Најдобрите резултати клубот ги има постигнато во сезоната 2003/2004 во Лигата за пионери и кадети, деца родени 1989/90 (пионери) и деца родени 1987/88 (кадети) во организација на ФФМ – лига Исток, кога во двете конкуренции клубот го освои првото место и обезбеди пласман во Првата квалитетна лига на Македонија за пионери и кадети. Најдобрата генерација на клубот ја сочинуваат токму фудбалерите кои настапија во сезоната 2003/04, Никола Ристов, Илија Јаков, Игор Трипунов, Милан Давчев и други, фудбалери кои денес настапуваат во клубови од најдобрата Прва фудбалска лига на Македонија. Во тековната сезона 2009/2010, во Пионерска конкуренција клубот се натпреварува во Штипско – кавадаречкиот регион и моментално се наоѓа на второто место зад Брегалница – Штип. Во оваа конкуренција ГФК Неготино се пласираше меѓу најдобрите 8 екипи во Лига купот на Македонија. Во конкуренција на кадети и младинци клубот се натпреварува во Првата Б1 лига, односно една од трите први лиги на Македонија во организација на ФФМ. Тренер на младите футбалери во сите категории е Зоран Недев. Сегашната Управа на клубот ја сочинуваат: - Зоран Недев – Претседател - Димитрија Гиновски – Потрпретседател - Милан Ризов – Директор - Драган Спасески – член на УО - Др. Диме Трајковски – член на УО и лекар на екипата - Ацо Трипунов – член на УО, претставник на родителите на децата ГФК “Неготино” во тековната сезона има преку 60 регистрирани играчи, односно во просек околу 20 во секоја категорија (пионери, кадети и младинци). Своите натпревари ГФК Неготино ги игра на градскиот стадион во Неготино. |