КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеТРИБИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО НЕГОТИНО |
Во организација на локалната самоуправа и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на одбележувањето на ,, Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ,, денеска во големата сала на општина Неготино во присуство на голем број ученици од неготинските училишта се одржа трибина на тема ,, Како до помалку сообраќајни несреќи со фатални последици ,,. На трибината присуствуваа и пред присутните со излагања на темата се обратија претставници на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, општинскиот инспектор по сообраќај, одговорните во Полициската станица во Неготино и претставници од итната медицинска помош при Здравствениот дом од Неготино. Како што изјави секретарот на општина Неготино Сашко Јанев целта на трибината е преку вакви и слични настани да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот и сообраќајната култура на сите учесници, со што пак се очекува и да се постигне крајниот и посакуван ефект – на ова подрачје да има што е можно помал број жртви во сообраќајни незгоди.
|