КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 63 став 1 точка 9 и член 65 став 4 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07 и 116/10, 47/11, 51/11 и 136/12), Министерството за култура распишува КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ
Во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните индустрии во Република Македонија, Министерството за култура во 2014 година ќе обезбеди средства од Буџетот на РМ за финансиска поддршка на проекти, приоритетно, во следниве области на креативните индустрии: занаети и уметнички вештини, индустриски дизајн, дизајн на мебел, внатрешен дизајн, дизајн на продукти и пакување, дизајн на накит, моден дизајн, манифестации во кои се промовира културниот туризам, природните убавини, и се афирмираат традиционалните вредности во Република Македонија и едукативни настани (работилници, обуки) во насока на унапредување на креативните индустрии.

Повеќе информации и пријава за учество на конкурсот ќе најдете на следниот линк:

http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/1165-konkurs-za-finansiranje-proekti-od-oblasta-na-kreativnite-industrii