КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеOБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВ ПО ПОВОД СВ.ТРИФУН |
ПОЧИТУВАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЃОРЃЕ ИВАНОВ, ПОЧИТУВАНИ ЕКСЕЛЕНЦИИ ОД ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ВО ЗЕМЈАВА, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЦЕНТРАЛНАТА И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ, ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО И ГОСТИ ОД ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО – ДОБАР ДЕН И НЕКА НИ Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ „СВ. ТРИФУН” А НА ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЧЕСТИТ ПРАЗНИК „ПРОЧКА”.
СО СВЕЧЕНИОТ ЧИН НА ЗАКРОЈУВАЊЕ НА ВИНОВАТА ЛОЗА ОД СТРАНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ НА НЕФОРМАЛЕН НАЧИН БЕШЕ ОЗНАЧЕН СТАРТОТ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО НЕСОМНЕНО ВОДЕЧКАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ГРАНКА ВО НАШАТА ОПШТИНА – ЛОЗАРСТВОТО. НЕПОБИТЕН Е ФАКТОТ ДЕКА НИЕ СМЕ ПРЕТЕЖНО ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРАЈ ВО КОЈ РЕЧИСИ И ДА НЕМА СЕМЕЈСТВО КОЕ НЕ СЕ ЗАНИМАВА СО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ЛОЗОВ НАСАД, А ДЕКА Е ТОА ТАКА ДОВОЛНО ГОВОРИ ПОДАТОКОТ ДЕКА ОВАА КУЛТУРА НА НАШЕТО ПОДРАЧЈЕ Е ЗАСТАПЕНА НА ПОВРШИНА ОД НАД 2 ИЛЈАДИ И 100 ХЕКТАРИ. СТАТИСТИЧКИТЕ ПОДАТОЦИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ, ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО СЕ РЕГИСТРИРАНИ НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ВИНАРСКИ ВИЗБИ ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, СО ТЕНДЕНЦИЈА НИВНИОТ БРОЈ ДА СЕ ЗГОЛЕМУВА И ВО ИДНИНА. ПРЕДХОДНО КАЖАНОТО ГОВОРИ ДЕКА ОВДЕ ПОСТОЈАТ ОГРОМНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО, НО ВО ИСТО ВРЕМЕ СЕ ЈАВУВА И НЕДОСТИГ ВО НЕГОВОТО ПЛАНИРАЊЕ, ШТО ПАК РЕЗУЛТИРА СО НАМАЛЕНИ МОЖНОСТИ ЗА НЕГОВ ОТКУП, КАКО И СО НЕГОВО НЕРЕДОВНО ПЛАЌАЊЕ. ИСКРЕНО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СО НАЈАВЕНАТА НОВА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СТАВИ РЕД ВО ОВАА ГРАНКА ПРИ ШТО ЌЕ ИМАМЕ ПЛАНИРАНО И ОРГАНИЗИРАНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО И ОРГАНИЗИРАН ОТКУП СО ЈАСНО ДЕФИНИРАНИ ПРАВИЛА И ОБВРСКИ НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО ТОЈ ПРОЦЕС, А СЕТО ТОА НА ДВОСТРАНО ЗАДОВОЛСТВО И НА ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ И НА ОТКУПУВАЧИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ. НИЕ КАКО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, КАКО И ДОСЕГА, И ВО ИДНИНА ЌЕ НАСТОЈУВАМЕ ПРЕКУ РАЗНИ АКТИВНОСТИ ДО МАКСИМУМ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ СО КОИ РАСПОЛАГА ОПШТИНАТА ВО НАСОКА НА ПРОМОЦИЈА НА ГРОЗЈЕТО И ВИНАТА ПРОИЗВЕДЕНИ ВО НЕГОТИНСКИТЕ ВИНАРИИ. ПРВИОТ МУЗЕЈ НА ВИНО ВО МАКЕДОНИЈА, ТУРИСТИЧКИОТ ИНФО – ЦЕНТАР, ГАЛЕРИЈАТА НА ВИНОТО ВО МАНАСТИРОТ ,,СВ. ЃОРЃИ,, ТУРИСТИЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ, КУЛТУРНО – ИСТОРИСКИТЕ СПОМЕНИЦИ И АРХЕОЛОШКИТЕ ЛОКАЛИТЕТИ, МОЖНОСТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ЛОВНИОТ, РИБОЛОВНИОТ И ПЛАНИНАРСКИОТ ТУРИЗАМ, ОРГАНИЗИРАЊЕ САЕМИ И СЕМИНАРИ ЗА ВИНО И ЛОЗАРСТВО – СЕ САМО ДЕЛ ОД КАПАЦИТЕТИТЕ И ФОРМИТЕ ПРЕКУ КОИ МОЖЕМЕ ДА ВРШИМЕ ПРОМОЦИЈА НА НЕГОТИНСКИ ВИНА И ИСТИТЕ ДА ИМ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ И ДА СТАНАТ ДОСТАПНИ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КОНСУМЕНТИ И НЕГОВИ ИДНИ КУПУВАЧИ ОД РЕГИОНАЛНИТЕ И ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР. ЕВЕНТУАЛНАТА ЗГОЛЕМЕНА ПРОДАЖБА И ОБЕЗБЕДЕН ПЛАСМАН НА ВИНАТА НА ДОМАШНИОТ И НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ, ПОКРАЈ ЗА ВИНАРИИТЕ, ЌЕ ПРЕТСТАВУВА ПРИДОБИВКА И ЗА ЛОЗАРИТЕ, БИДЕЈЌИ ДОКОЛКУ ФИНАЛНИОТ ПРОИЗВОД ИМА СИГУРЕН ПЛАСМАН И НАВРЕМЕНА НАПЛАТА, ЌЕ НЕМА ПРОБЛЕМИ И ОКОЛУ ОТКУПОТ И ПЛАЌАЊЕТО НА КВАЛИТЕТНОТО НЕГОТИНСКО ГРОЗЈЕ. САМО ТАКА И САМО ТОГАШ ЧЕСНИОТ И ВРЕДЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ЌЕ МОЖЕ БЛАГОВРЕМЕНО ДА СИ ГО НАПЛАТИ ВЛОЖЕНИОТ ТРУД И ЗА СЕБЕ И СОПСТВЕНОТО СЕМЕЈСТВО ДА ОБЕЗБЕДИ ПРИСТОЈНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА. НА КРАЈ БИ САКАЛ ОД СВОЕ ЛИЧНО ИМЕ И ОД ИМЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ДА ИМ ГО ЧЕСТИТАМ ПРАЗНИКОТ ,, СВ. ТРИФУН,, СО ЖЕЛБИ ЗА СЕКОЕ ДОБРО, А НА СИТЕ ГОСТИ НА ДЕНЕШНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ИМ ПОСАКУВАМ ПРИЈАТНО ДА СЕ ЧУСТВУВААТ ВО НАШИОТ ГРАД . БЛАГОДАРАМ ! |