ФОРУМ НА ТЕМА - ЕВРОПСКИТЕ ИСКУСТВА ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ PDF Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Во организација на локалната самоуправа, во просториите на Туристичкиот – инфо центар и со присуство на претставници од општините со кои Неготино има воспоставено соработка, се одржа Интернационален форум на тема „Европските искуства во развојот на туризмот”. Форумот го отвори м-р Лолита Ристова – раководител на одделението за развој на општина Неготино која наедно и изврши презентација на туристичките капацитети со кои располага нашата општина.

 

Се осврна и на стекнатите искуства во спроведувањето на проектот за прекугранична соработка со општина Агиос Георгиос – Република Грција, додека пригодно обраќање и запознавање на присутните со личната карта на општината имаше и градоначалникот Пане Трајков. Од друга страна, неговиот колега – жупанот на општина Чрномељ Андреј Фабијан имаше видео – презентација на основните карактеристики на општината на чие чело е тој, Грета Аугуштин од тамошната општинска управа изврши претставување на два проекти кои се во тек на реализација, Владо Аугуштин говореше за активностите на Здружението на пчелари на Република Словенија, додека презентацијата на  „Крањскиот парк” во Купа ја спроведе Тончка Јанковиќ од општина Чрномељ. Во продолжение од Форумот следуваа дискусии во кои се разменуваа искуства од страна на сите присутни  и учесници на истиот.