ПРЕТСТАВЕН ПРОЕКТОТ „ОДИМЕ ЛОКАЛНО” PDF Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
       Во организација на Министерството за локална самоуправа и Секретаријатот за Европски прашања, во големата сала на општина Неготино се одржа презентација на проектот „Одиме локално”, кој се спроведува во рамките на Стратегијата за информирање и комуникација со јавноста и локалните власти за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Преку дебата и директен контакт, присутните граѓани, претсавници на бизнис – секторот и на невладините организации имаа можност да се информираат за различни прашања од процесот за евро – интеграција, важноста и можностите за искористување на средствата од ИПА фондовите, улогата на локалната самоуправа и друго.
 
       Проектот „Одиме локално” пред заинтересираните го претставија Андриана Стојановска од Министерството за локална самоуправа, Гонца Стојановска од Секретаријатот за Европски прашања и амбасадорот на Република Унгарија во Македонија Ференц Кекеши. Активно учество на трибината зеде и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој истакна дека општината со проекти ќе аплицира за користење финансиски средства од сите 5 компоненти од инструментот за претпристапна помош  - ИПА. Сепак, според градоначалникот Трајков, бидејќи ние сме земјоделски крај, општината ќе направи напори за мобилизација на сите релевантни чинители кои имаат познавања во земјоделскиот и руралниот сектор да го информираат нашиот земјоделец со можностите за користење на средствата од претпристапните фондови на Европската унија.