Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностНОВА УЧИЛИШНА ЗГРАДА ВО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ |
Министерот за образование и наука Никола Тодоров, амбасадорот на Република Австрија во Македонија д-р Алоис Краут и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на пригодна свеченост во употреба ја предадоа новоизградената училишна зграда во с. Црвени Брегови.
Објектот кој е изграден со финансиски средства од ресорното Министерство, локалната самоуправа и донација од амбасадата на Австрија располага со површина од 120 метри квадратни, има 2 нови училници, помошни простории за наставниците и санитарни јазли. Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Трајков изрази уверување дека создадената квалитетна инфраструктура уште повеќе ќе го поттикне учењето кај учениците кои овде посетуваат настава и оти новите просторни услови ќе ги мотивираат наставниците да применуваат иновативни методи во спроведувањето на наставниот процес, додека со планираното доуредување на просторот околу училиштето секое дете ќе може да се чувствува посигурно. Градоначалникот Трајков рече дека очекува и членовите на месната заедница од Црвени Брегови со својот однос да влијаат и да се ангажираат за одржување и зачувување на новото училиште, бидејќи само таквиот пристап може да биде од заеднички интерес за зачувување на она што е изградено. |