КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеДемографски карактеристики на општина Неготино |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Споредбените податоци од пописот извршен во 1994 година и пописот од 2002 година покажуваат дека бројот на населението во рамките на сегашната Општина Неготино се зголемил за 871 жител или процентуално изразено 4.75%. На ниво на Република Македонија зголемувањето на бројот на жители изнесува 3.9%. Стапката на пораст на ниво на цела општина изнесува 0.58 Природниот прираст изнесува 783 Морталитетот ( на 1000 жители) изнесува 7.9 Миграционото салдо е 88 Просечна возраст според попис 1994 година била 32.7 години со индекс на стареење 0.356 Просечна возраст според попис 2002 година 35.7 години со индекс на стареење 0.524 НАСЕЛЕНИЕСогласно податоците од извршениот попис во 2002 година, во Општина Неготино живеат 19.212 жители, или 0,95% од вкупното население во Република Македонија. Во градот Неготино, кој претставува урбан центар на општината, живеат 13.104 жители, или 68,2% од жителите на целата општина. Густината на населеност изнесува 46,5 жители на км2 . Во општина Неготино, според изјаснувањето за националната припадност, живеат: Македонци (17.768), Срби (627), Роми (453), Турци (243), Албанци (30), Власи (14), Бошнаци (1) и останати националности (76).
Опис на населението по полова, старосна, образовна структураПоловата структура на населението во општина Неготино е следната: 9777 жители се од машкиот пол или процентуално 50.89% 9435 жители се од женскиот пол или 49.11 %. Во општина Неготино во однос на вкупниот број на жители со старост повеќе од 10 години чиј број изнесува 16906, 16401 жител се писмени , додека 505 жители се неписмени или процентуално 2.99% (на ниво на Република Македонија 3.62%). Поголема неписменост има кај жителите од женскиот пол каде имаме 4.47 % неписмени (во Македонија 5,53%), додека кај машкиот пол таа изнесува 0.75% ( во Македонија 1,71%). Старосната структура на населението во општина Неготино е:
|