Во рамките на реализацијата на проектот финансиран со средства од Владата на РМ за изградба на спортски сали на територијата на цела држава, еден таков објект започна да се гради и во Неготино. Имено, од неодамна се започнати активностите за изградба на најсовремена фискутурна сала која ќе функционира во склоп на СОУ Св. Кирил и Методиј. Согласно изготвениот проект, фискултурната сала ќе биде со должина од 44 и ширина од 29 метри, односно ќе опфаќа корисна површина од околу 1.300 метри квадратни. Истата се предвидува да биде повеќенаменска, а во нејзини рамки ќе бидат изградени и трибини. Изведувач на работите е ГП Гранит, а надзорот го вршат стручни лица од Градежниот институт од Скопје. Со изградбата и ставањето во функција на новата фискултурна сала средношколците од СОУ Св. Кирил и Методиј наставата по физичко воспитување ќе можат да ја реализираат во нови и стандардизирани услови, без притоа секојдневно да се упатуваат кон блиската спортска сала со што се ризикува нивната безбедност или пак часовите по физичко да се одржуваат во импровизирани услови во училниците. Се очекува фискултурната сала да биде завршена во согласност со утврдените рокови за нејзина изградба.
|