Во рамките на проектот Уредување на јавно прометни површини во градот преку расчистување, оззеленување, хортикултурно уредување, поправка на постојната и поставување на нова урбана опрема инициран и финансиран од Владата на РМ, 30 невработени лица од општина Неготино кои ги исполнуваа неопходните критериуми за тоа се работно ангажирани на изведување јавни работи. Во периодот до 31 декември оваа година тие врз основа на изготвени оперативни планови ќе работат на уредување на јавно – прометни површини, а за секој месец поединечно надлежните ќе изготвуваат извештај за се она што како ангажман го имаат реализирано. Овие лица работат на повеќе локации како на пример чистење на речното корито на градскиот кеј од плоштадот до спортската сала, метење и окопување долж улиците Маршал Тито и Партизанска, косење на тревата и окопување на паркот околу зградата на општината, уредување на парковските површини во населбата Антигона, кај спортската сала и МВР, а извшени се и други зафати согласно оперативните планови.
|