Турнирот во табла повторно дел од осмоноемвриската програма PDF Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Во рамките на празнувањето на Денот на ослободувањето на Неготино - 8ми Ноември, Општина Неготино по 12-ти пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2022”. По пауза од две години овој настан се враќа во програмата и ќе се одржи од 6 до 8 ноември (недела - вторник). Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир ќе изнесува 20.000 денари.
Бројот на учесници на турнирот е ограничен, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков.
Турнирот кој што ќе се одржи во ТИЦ “Желкова куќа”, ќе биде отворен на 6 ноември (недела) во 17.00 часот, кога ќе бидат одиграни првото и второто коло од истиот. Наградите и дипломите на најдобрите учесници ќе им бидат доделени на 8 ноември (вторник), веднаш по завршувањето на турнирот.