Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностПотпишан договор за изградба на улица во Криволак |
There are no translations available. Денеска како градоначалник на општина Неготино заедно со извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје Елвис Шаќири го потпишавме договорот за соработка со цел за реалиција на проект за изградба на улица во селото Криволак. Имено, општина Неготино во рамки на Програмата за комунални дејности ја има предвидено конкретната комунална услуга и има предвидено буџетски средства за тоа, а „Ромалитико“ преку проект на УСАИД има обезбедено средства за подобрување на животот на припадните на ромската заедница. Согласно потпишаниот договор, во реализацијата на проектот за изградба на улица во Криволак општина Неготино ќе финансира 60 отсто од вредноста на работите, а „Ромалитико“ ќе финансира 40 отсто од работите. Рокот за реализација на проектот е 6 месеци од потпишувањето на договорот. |