Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностПоставена првата од предвидените 10 мерни станици за „смарт земјоделство“ |
There are no translations available. Денеска започна поставувањето на 10-те мерни станици на територијата на општина Неготино со кои ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини, односно на лозаро-овоштарските насади. Со поставувањето на овие мерни станици се овозможува електронски мониторинг, истите ќе даваат информации за влажноста на воздухот, сончевите денови во годината, количеството врнежи, степенот на температурни осцилации и други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер. Мерните станици ќе овозможат и да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, што ќе придонесе за намалување на трошоците за третирање со пестициди, зголемен принос на производство и негов значително подобар квалитет. Проектот го реализираме во соработка со Бирото за регионален развој, вкупната вредност е 10 милиони денари од кои 9 обезбедува Бирото, а општина Неготино учествува во проектот преку ко-финансирање со средства од 250.000 денари од Буџетот на општината. |