Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани на дел од КП 262, КП 263 и КП 268/2, КО Војшанци, Општина Неготино
Граници на проектниот опфат се:
- на североисток КП 268/1 - на северозапад КП 93/2 - на северозапад и југозапад полски пат КП 1227/1 - на југоисток КП 264 и КП 267
Опфатот е со површина од 1.02 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 16.09.2022 до 30.09.2022 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови. Urbanisticki proekt KP 262_263_268.pdf Anketen list za javen uvid.pdf
|